
Свет
Вести
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со 360 гласа за и 58 против усвои Закон со кој се забранува популарната социјална платформа ТикТок.
Во усвоениот закон е наведено дека „Бајтденс“ мора да најде купувач во рок од 270 дена, или платформата ќе биде забранета, а Белата куќа има можност да го продолжи тој рок за уште 90 дена, доколку претседателот Џо Бајден утврди дека има напредок во активностите за продажбата.
Кинеската компанија активно лобираше за да се спречи усвојувањето на законот, за кој рече дека ги крши правата на корисниците од Првиот амандман и ги загрозува малите бизниси. Но, сепак не успеа во намерата.
Жално е што Претставничкиот дом поддржува закон кој би ги погазил правата на слободата на говорот на 170 милиони Американци, ќе уништи седум милиони бизниси и ќе затвори платформа која придонесува 24 милијарди долари годишно за американската економија“, соопшти компанијата на социјалната мрежа Х (Твитер).
Платформата, која е многу раширена има околу 170 милиони корисници во САД. Американските безбедносни служби ја сметаат за ризик за националната безбедност.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.