Ели Волш, осумнаесетгодишна тинејџерка, почина во текот на операцијата поради компликации, кои се појавиле кога докторите го отстранувале туморот на желудник.

Објавил: admin@magazin | 4 мај, 2019 22:30

ШОК: Имала тумор во желудникот, а лекарите ја лечеле со парацетамол!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Осумнаесетгодишната тинејџерка Ели Волш почина на операционата маса поради компликации кои се јавиле при отстранување на тумор на желудникот. Ели повеќе години чувствувала големи болки во стомакот а лекарите и препишувале само парацетамол.

Ели Волш, осумнаесетгодишна тинејџерка, почина во текот на операцијата поради компликации, кои се појавиле кога докторите го отстранувале туморот на желудник. Ситуацијата да биде уште полоша, лекарите постојано и препишувале парацетамол бидејќи имала неподносливи болки во стомакот, изјавила нејзината мајка.

-Не бевме свесни колку Ели е болна. Имаше болки во стомакот веќе неколку години, но докторите постојано и препишуваа само парацетамол, вели за „Дејли Мејл“, нејзината мајка Ема Волш.

Пет недели пред операцијата, докторите потврдиле дека се работи всушност за тумор на желудникот и утврдиле дека туморот е премногу голем и ризичен за операција. Ели и нејзините родители не биле свесни за сериозноста на нејзината моментална ситуација. Девојката пред операцијата почнала да работи како рецепционер во една адвокатска канцеларија. 

Мајката од Ели, Ема изјавила дека немала можност да се отпрости од својата ќерка, која починала во текот на операцијата поради компликациите кои се појавиле.

-Бев во шок кога ми кажаа, но се виде дека направија се што е во нивна моќ, изјавила таа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.