Македонија
Политика
Осумтемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ иако го променија текот на политичките процеси во државава, во матичната партија ги сметаат за политички “изгорени” некои од нив сеуште имаат политички амбиции и завземаат позиции пред евентуалната внатрепартиска битка која претстои во ВМРО-ДПМНЕ. Но сепак и меѓу нив постои поделеност во идните политички групирања.
За Крсто Мукоски, Нола Исмајлоска, Емилија Александрова, Зеќир Рамчиловиќ, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Владанка Авировиќ и Елизабета Канческа заедничко е што ќе бидат запаметени како 8-ката пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои го променија ликот на сопствената држава.
Според нашиот извор близок до 8-те мина пратеници, Крсто Мукоски, Нола Исмајлоска и Емилија Александрова под диригентска палка на Сашо Мијалков и оперативецот Никола Тодоров после претседателските избори ќе бидат дел од групата која ќе се обиде да организира преврат во ВМРО-ДПМНЕ преку вонреден конгрес. Мотивите на овие тројца се дека доколку успеат во превратот, да го “исперат” срамот поради гласањето за промена на името со тоа што новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ би им дало признание за храброста.

Истиот извор не брифира дека Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Елизабета Канческа се додворуваат на актуелното раководство, со тоа што во Собранието во принцип ги поддржуваат законите и амадманите предложени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Власта иако ги исполнила своите ветувања за амнестија, Љубен Аранудов и Елизабета Канческа гледаат на недоверба на ваквиот договор со Заев, од причина што Љубен Аранудов пред извесно време доби кривична пријава за случај кога директоруваше со охридската болница, а за Елизабета Канческа како министер за култура и главен извршител, добро знае дека проектот Скопје 2014 и виси над главата како Дамоклов меч и тоа власта може многу лесно да го искористи.
Како се создаваше 2/3 мнозинство ?!
За Крсто Мукоски нашите извори говорат дека бил последниот пратеник кој бил скршен доцна попладнето на 19 октомври на денот на гласањето за Уставот после телефонскиот разговор со странски амбасадор. Дилемата дали непопустливоста на Мукоски била поради патриотските чувства или пак тоа било тактика на пазарење е одговорена деновиве ?! Мукоски е меѓу првите кој го опфати законот за амнестија за настаните од 27 април, а деновиве беа лиферувани информации дека фирмата на неговиот брат “Атриум” добива милионски тендери за да гради државни објекти преку јавното претпријатие за станбен простор.
Нола Исмајлоска пратеничка од Струга на парламентарните избори во 2014 и 2016 година беше на листите од ВМРО-ДПМНЕ како човек од доверба на Груевски и Мијалков. Ниту таа ниту пак некој нејзин близок не е опфатен со случаи на СЈО, па така односот на доверба која го имала со Мијалков, нашиот извор информира дека преминал во “доверителски” односно поддршката си имала своја цена ?!
Емилија Александрова е во роднински врски со Сашо Мијалков и поддршката за него досега и во периодот што следува на внатрепартиски превирања е во рамките на принципитe на “Коза Ностра”.
Зеќир Рамчиловиќ е поврзан со Сеад Кочан преку Бошњачката партија и претходно бил вработен во неговите компании.
Елизабета Канческа имаше неколку обвиниенија за предмети од Скопје 2014 година но причината за нејзиниот глас ја дознавме деновиве. Со новите измени на Кривичниот законик доби амнестија.
Сашо Василевски и Љубен Аранудов главниот интерес беше да добијат амнестија за случувањата од 27 април и да ја симнат од врат заканата за долгогодишната казна.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Политика
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.