Познат босанси рапер заглави во затвор поради дрога.
Раперот Алмир Хоџиќ, попознат како Буба Корели и Алмир Бозалија се осудени на една година затвор за неовластено производство и трговија со опојни дроги.
Пресудата беше изречена од Кантонскиот суд во Сараево, врз основа на обвинителниот акт што ги товари за набавка и продажба на хашиш, амфетамини и канабис во Сараевскиот Кантон од 2014 до јуни 2015 година.
Според босанските медиуми, обвинетите ја чувале дрогата во станови, деловни простории, куќи и автомобили, по што ја препакувале во помали пакувања за улична продажба.
Алмир Хоџиќ беше во притвор од јуни 2015 до февруари 2016 година, додека Алмир Бозалија беше притворен од јуни 2015 до јануари 2016 година.
Кариерата на Буба Корели
Како тинејџер Амар бил член на сараевската рап-групата G-Recordz. Ја снимил првата песна во 2004 година година во групата Корели дуо. По распадот на групата, Амар престанал да работи со рапување до 2009 година ,кога се запознал со Јасмин Фазлиќ, попознат како ” Јала брат” , со кого снимил ЕП наречен Sin City, додека во 2014 година и 2016 година ги објавил албумите Пакт со ѓаволот и круната, исто така во соработка со Џала Брат .
Буба Корели почнал да оди нагоре на крајот на 2015 година, кога ја објавил песната Хабиби, а во 2016 година следеле песните То ме ради, Клиника, Не волим, потоа во 2017 година Ултиматум, Его, Нема боље. Покрај песната То ме ради која е снимена со Маја Беровиќ, тој снимил уште две песни со неа со наслови Balmain и Мали лоти кои се наоѓаат на нејзиниот албум Викторијина тајна , а авторите на нејзиниот албуми исе Буба, и неговиот колега Џала Брат . Најдобрата година зад него е 2018 година.
Кога го објави албумот Aлфа и Oмега во соработка со Џала Брато. Ја објавил песната Mafia, а врвот на неговата работа е песната на Balenciaga која добро помина меѓу неговите фанови. Потоа, Буба имал конфликт со М.С. Стојан поради неговата песна La Miami. [3] Успехот се нижел па ја објавил песната Она’е. Една година подоцна, направил уште еден дует со Маја Беровиќ на нејзиниот албум 7 со песната Право време, која одлично помина кај публиката, како и со претходните песни на Balenciaga и Она’е .
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.