
Свет
InMemoriam
Пејачот Мурадиф Демировиќ, брат на српскиот пејач Шабан Шаулиќ кој трагично настрада во сообраќајна несреќа во Германија, почина само неколку дена после трагедијата на неговиот брат.
Братучедот од тетка пејачот Хасан Дудиќ за српски телеграф изјави дека, после вестите дека му починал уште една роднина, завршил во болница.
Тој изјави дека Мурадиф не можел да ја поднесе смртта од неговиот брат, а уште поголема била болката бидејќи, не можел да дојде на погребот да го испрати на вечното почивалиште.

Во болница сум, се онесвестив од шок и стрес. Лошо ми е, срцето, главата, кичмата и тагата ми се собра во мојата душа. Не знам како ова ќе го поднесам, голема е болката што ја задеси нашата фамилија. Најстариот брат на Шабан, Мурадив, прв почна да пее и тој умре од тага за Шабан. Долго беше болен и не можеше да стои на нозете, имаше и проблем со белите дробови. Падна во тешка депресија и никако не можеше да преболи дека неговиот брат почина.
Се нервираше со денови затоа што не можеше да дојде на погребот и цело време зборуваше дека срцето ќе му пукне од болка. Така зборуваше и во неделата почина од тага за Шабан.
Кралот на српската народна музика Шабан Шаулиќ загина после тешката сообраќајна несреќа која се случи во Германија.
Ѕвездата на народната музика во автомобилот, беше со возачот и со кумот, а несреќата се случила во околината на Билефелд во кој пеел.
Шабан Шаулиќ потоа итно беше префрлен во болница, каде и почина на 67 годишна возраст.
http://https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=v3acZQZHk0U
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.