Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјави дека за време на обдукцијата е извршен ПСР тест и дека може да покаже позитивен резултат дури и неколку недели по инфекцијата и болестите, пренесува Си-Ен-Ен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 јуни, 2020 16:34

ШОК! Резултатите од обдукцијата на Флојд покажаа: Убиениот афроамериканец бил заболен од коронавирус!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug Foto: EPA

Убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на вирусот корона, покажа државната обдукција.

Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјави дека за време на обдукцијата е извршен ПСР тест и дека може да покаже позитивен резултат дури и неколку недели по инфекцијата и болестите, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека Флојд веројатно имал асимптоматска клиничка слика, дека вирусот не влијаел на неговата смрт и дека тој веројатно не бил заразен.

Флојд почина по бруталното апсење во Минеаполис, откако полицискиот службеник Дерек Шовин го притисна за вратот со коленото и го држеше така повеќе од осум минути иако Флојд молеше да го пушти бидејќи не може да диши. На Дерек му се заканува казна затвор и до 40 години.

Неговата смрт беше проследена со протести низ САД, кои се раширија и во Европа.

Независна истрага потврди дека Флојд починал од задушување, а полицискиот службеник Дерек Шовин беше обвинет за неговата смрт.

Инаку вчера генералниот обвинител на Минесота Кит Елисон поднесе обвинение против тројца други полицајци кои учествуваа во апсењето во Минеаполис, за време на кое почина Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Се очекува тие да бидат обвинети за помагање и поддршка на убиството на Флојд.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во написот се наведува дека американскиот државен секретар Мајк Помпео ја потврдил желбата на Трамп за време на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека за време на тие разговори разговарале за подготовките за состанокот на лидерите на петте постојани земји-членки на Советот за безбедност на ООН, што беше иницирана од претседателот Владимир Путин.

НЕШТО ГОЛЕМО СЕ СПРЕМА: Трамп побарал состанок со Путин пред изборите во САД! Сите очи вперени во лидерите на најмоќните држави!

Американскиот претседател Доналд Трамп бара средба со рускиот претседател Владимир...

Тој ја критикуваше тенденцијата секојдневно, како воени извештаи, да се зборува за раст на заразени лица без анализа на податоците за тоа колку се асимптоматски, колку се хоспитализирани и слично.

Италијански инфектолог тврди: Пандемијата со коронавирусот е завршена

Експертот за инфективни болести Матео Басети, директор на Клиниката за инфективни...

Повеќе од 13 милиони луѓе се заразени со вирусот корона во светот, а за само пет дена, бројот на заразените е зголемен за еден милион. Повеќе од 500.000 луѓе починале од корона вирус досега.

СИТУАЦИЈАТА СО ПАНДЕМИЈАТА МОЖЕ ДА БИДЕ УШТЕ ПОЛОША: Многу држави одат во погрешна насока!

Пандемијата на коронавирус има потенцијал да биде многу полоша доколку сите земји...