„Теле 2“Арената во Стокхолм беше „обоена“ во „црвено–бело“, во знакот на Хрватска, најмалку 10.000 фанови имаше на трибините.

Објавил: Сара Фемина | 26 јануари, 2020 19:58

Шпанија го одбрани европскиот трон- Хрватска не успеа да стане Европски шампион

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Репрезентацијата на Шпанија успеа да ја одбрани титулата на Европското првенство во ракомет.

„Теле 2“Арената во Стокхолм беше исполнета до последното место, со најмалку 10.000 фанови на трибините. Шпанија во финалето славеше против Хрватска со 22-20. 

Исто така Шпанија се пласира директно на ОИ, додека Хрватска низ квалификаци ќе се бори за настап во Токио.

„Не можеш во животот сѐ да добиеш. Мораш да се задоволиш со тоа што го имаш. Кога ќе ја видиш мојата кариера и сите мои медали. Благодарен сум, не се жалам, вели Червар.

Хрватска пропушти златна шанса и не успеа да дојде до својата прва титула на Европските првенства, откако денеска во финалето потклекна во самата завршница од мечот со силната Шпанија.

Хрватскиот ракометен селектор Лино Червар пред камерите на хрватската РТЛ, по загубеното финале, се прости од репрезентацијата која ја водеше до среброто, повторно патетично да потсети на неговиот минат труд во кариерата.

Червар се потсети и на неговиот ангажман во Металург.

Со гордост гледам на мојата кариера. Израснав во малиот Умаг, со тамошниот клуб од петта лига, дојдовме до првата на СФРЈ, потоа со селекцијата на Италија ја елиминирав Словенија, па потоа на СП во Јапонија бевме рамноправни со сите. Па потоа бев во Македонија, пет години тренирав една екипа од крајот на градот, една сиромашна екипа, со неа двапати влеговме меѓу петте најдобри во Евцропа, а немавме ни добар тоалет“, изјави меѓудругото хрватскиот стратег.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Јас сум горд што имам прилика да работам што вакви момци кои заслужуваат голема почит за се што прават за клубот и Македонија, тие се национални херои.“

Алушовски: Вардар во моите 10 години не бил во полоша ситуација – момците се национални херои!

Составот на Вардар вечерва успеа да дојде до убедлива победа над Мотор Запорожје од...

Исто така, сигурно Начевски и Николов ќе добијат место и за Олимписките игри во Токио, каде што ќе ја делат правдата на натпреварите.

Македонските судии Начевски и Николов ќе го судат финалето на ЕВРО 2020!

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја добија честа да го судат финалето...

Манасков изјави дека клучот за поразот е многуте лесни топки кои ги добил противникот како и слабата реализација.

Манасков и Лазаров: Не ги реализиравме шансите, направивме многу грешки

Крилото на репрезентацијата на ракометната репрезентација на Македонија, Дејан Манасков,...