Шпанија денес ја укинува вонредната состојба прогласена поради пандемијата на коронавирус и ги отвора границите.
На посетителите од Европската унија, земјите од Шенген и Велика Британија ќе им биде дозволено да влезат без обврска да поминат две недели во карантин, соопшти шпанското Министерство за надворешни работи.
Туристите ќе поминат низ „тројна проверка“, која вклучува проверка на податоците од каде потекнуваат, мерење на температурата и преземање детални податоци доколку има потреба да се следат.
Шпанското министерство за здравство објави дека бројот на новозаразени вчера беше 363, во споредба со претходните денови кога беа регистрирани меѓу 130 и 150 случаи дневно.
Шпанија е трета земја во Европа по вкупниот број заразени со 293 018 лица и 28 322 починати.
Премиерот Педро Санчез пред утрешното укинување на режимот воведен како заштита од ковид-19, ги повика граѓаните да продолжат да бидат претпазливи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.