Новиот шпански премиер од редот на социјалистите, со цел да ја врати довербата на народот во политиката предлага реформи, со кои пратениците нема да имаат правен имнунитет

Објавил: Мартин Попоски | 18 септември, 2018 7:51

Шпанските пратеници на чекор да го изгубат имунитетот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, рече дека ќе се обиде да го укине имунитетот на пратениците и другите избрани функционери со цел да ја врати довербата на народот во политиката.

Санчез ја објави својата идеја на одбележувањето на 100 дена откако дојде на власт, по смената на премиерот од десниот центар.

Тој тогаш вети дека ќе ја искорени корупцијата и ќе ја модернизира Шпанија, но неговата влада се соочи со жестоко противење од страна на опозицијата.

„Се надеваме дека ќе добиеме поддршка од долниот дом“, рече Санчез. Тој ја повика опозицијата да помогне во спроведувањето на подлабоки реформи.

Предлогот за олеснување на судското процесуирање на политичарите мора да биде поддржан од парламентот каде што социјалистите на Санчез имаат 84 од вкупно 350 места.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

„Медитеранскиот регион во моментот е загрозен од појава на нестабилност и конфликт на Блискиот исток и различните земји од Северна Африка и меѓу различните етнички, религиозни и исповедни групи. во нови кризи “, рече папата.

Папата се побуни против планот на Трамп: Донесе решение кое нема да излезе на добро

Папата Фрањо предупреди на „неправедни решенија“ за израелско-палестинскиот конфликт,...

Според него, на 26 декември минатата година, членовите на партијата Ѓукановиќ донесоа закон со кој им се овозможува да го национализираат СПЦ имотот доколку не е во можност да приложат документи за сопственост.

Франција му пресуди на Ѓукановиќ: ФИГАРО НАЈАВИ- Мило нема да дочека 30 години на власт

Лесно може да се случи Мило Ѓукановиќ наскоро да испадне од власт заради донесување...

Додик рече дека би било добро да се разговара што е можно поскоро, иако тој не е оптимист дека тие разговори ќе имаат какви било резултати.

Додик му порача на Изетбеговиќ: Ќе мора да ме трпи, го повикувам да разговараме(ВИДЕО)

Членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик, го повика водачот на Демократската...

Мерењата преземени над исландскиот Рејкјавик покажаа најниска температура во стратосферата во последните 40 години - дури и до -96 степени.

ЕВЕ ЗОШТО ИМАВМЕ БЛАГА ЗИМА: Чудни работи се случуваат(ВИДЕО)

На почетокот на јануари годинава, направени се мерења во средишните слоеви на стратосферата...