
Македонија
Вести
Раде Трајковски Штекли кој преживеа три обиди за убиство, не успеа да се спаси од лисици на рацете. Полицијата ја растури 14 члената криминалната дружина на Штекли која се сомничи дека соработувала во бизнисот со дрога со прочуената Беланоца која беше разбиена пред еден месец. Но, не само соработниците, Трајковски со себе повлече и полициски началник кој одбработувал за криминалното скопско подземје. Неофицијално, станува збор за Горан Ангелов, познат како под прекарот Бапчо, кој раководел со Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи.
Цела ноќ полицајците во соработка со обвинителството за организиран криминал претресуваа вкупно 20 локации во Скопје и една во Гевгелија каде Штекли бил уапсен. Според наши инфомации станува збор за познат хотел – казино во близина на граничниот премин Богородица. Од сите претреси, неофицијално се запленети 325.000 денари и 3.995 евра, четири возила, 12 мобилни телефони и еден пиштол калибар 9 мм. Меѓу пронајдените и одземени предмети се и повеќе поголеми и помали пакувања со непозната прашкаста материја за што исто така ќе се вршат дополнителни вештачења за видот и количината на истата.
„Еден пиштол марка Зораки 9 мм и 22 куршуми , семки од НН растение, НН растителна материја со зелена боја, пет дигитални ваги, неутврдена количина на бела прашкаста материја, пластична мешалка, метална лажичка за дозирање, фолија за пакување, две дробилки, еден видео рекордер, едно УСБ и др., од кои дел ќе бидат предмет на вештачење“.
МВР поднесе кривична пријава за 14 лица, а десет се сомничат дека се дел од криминална група поврзана со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, се лишени од слобода, информираат попладнево од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Инфомациите од ОЈО ГОКК доаѓаат по вчерашните акции и претреси што биле направени на 20 локации во Скопје и на една во Гевгелија.
При претресите, додаваат од Обвинителството, биле одземени бројни предмети поврзани со нелегална продажба на дрога и наркотични супстанци.
Според ОЈО ГОКК, осомничените – членови на криминална група, дистрибуирале и организирале улична продажба на наркотични супстанци директно до корисниците.
Истражната постапка, како што информираат од ова обвинителство, била спроведена по поднесена кривична пријава од МВР и опфатила 14 лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Јавниот обвинител од ОЈО ГОКК доставил предлог до судија на претходна постапка од Кривичниот суд во Скопје да има биде определен притвор на десетте приведени лица. Оттаму додаваат дека еден од осомничените веќе е во притвор, а останатите тројца не се достапни на органите на прогонот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.