Од почетокот на годината

Објавил: Калина Мартинска | 10 септември, 2024 15:20

Штипските пожарникари со рекордни 600 интервенции

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Дождот ги изгасна пожарите, но остана црната статистика. Штипската ТППЕ во изминатите 8 месеци бележи рекордни 600 интервенции. Од нив 400 биле пожари на отворено, претежно во летниот период кога се гаснеле и по 7 до 8 пожари дневно.

Ова лето буквално бевме од утро до касните ноќни часови на терен, изјави Благој Ренџов, командир на ТППЕ- Штип.

Во моментот ТППЕ располага со доволен кадар, односно, го задоволува стандардот да има по еден пожарникар на секој 1500 жители. Сепак, потребно е набавка на нова софистицирана опрема за справување со огнените стихии, кои од година во година имаат се поголем интензитет.

Самите пожарникари се доволно обучени да се справат со сите предизвици, а за опрема да, како и секоја ТППЕ, така и на нашата ни недостасува дел од опремата. Поголем дел ја имаме, но има и одредени недостатоци, така што се надеваме дека со помош од Владата и градоначалникот ќе ја подобриме опремата на ТППЕ, додаде Ренџов.

Во периодот кога немаат интервенции се спроведува едукативна настава и практични вежби. Покрај во гаснење на пожари, пожарникарите интервенираат и при сообраќајни несреќи и справување со поплави.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Постапка за оценување на стажот на јавните обвинители додека се членови на Советот на јавни обвинители – Уставен ја прифати иницијативата на обвинителката Ристовска

Уставен поведе постапка: На скандалозен начин се унапредувале обвинители

Уставниот суд смета дека Советот на јавни обвинители вршел дискриминација на обвинителите....