Детето се здобило со тешки телесни повреди

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 март, 2019 11:56

Штипјанец со автомобил удрил 5 годишно дете

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Вчера во 18.05 часот во двор од куќа на улица „Дузлачки рид“ во Штип, патничко возило „Рено 19“, управувано од С.С.(25) од Штип, удрило во петгодишно дете, информираат од МВР.

Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.

Инаку поразителен е податокот кој покажува дека на светско ниво, речиси 500 деца секој ден го губат животот во сообраќајни незгоди. Слична е состојбата и во Република Македонија. Според податоците во 2017 година  4 деца на возраст до 14 години и 14 деца на возраст од 15 до 19 години го загубиле животот во сообраќајни незгоди.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Според Илиевски, тврдењата на Вучиќ за реализација на „македонско сценарио“ во Србија се класична демагогија и дезинформации.

Илиевски: „Ако Вучиќ го сака Груевски, нека појде Будимпешта и нека се напијат кафе заедно“

Претседателот на Партијата на Македонците во Србија, Горан Илиевски вчера во гостувањето...

„Русија ја призна Република #Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува”, стоеше на официјалниот твитер-профил на руската амбасада во Скопје,

Русија го призна новото име Република „Северна„ Македонија

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација денеска соопшти дека Русија...

Како вокална поддршка Тамара ќе ги има извонредните гласови на Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев.

На евровизиската сцена Тамара ќе настапи со уште две прекрасни дами (ФОТО)

Тамара Тодевска на 16 мај ќе ја претставува нашата земја на сцената на „Евровизија“...

Распишани се два тендера во висина од по 211 000 евра за авио билети и хотелско сместување на пратениците во наредните две години. 

Собранието ќе потроши 422 илјади евра за хотелско сместување и авиобилети за пратениците

Распишани се два тендера во висина од по 211 000 евра за авио билети и хотелско сместување...