Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Објавил: admin@magazin | 8 јуни, 2023 5:24

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога температурите соборуваат рекорди. Поради тоа, е повеќе од важно во организмот да се внесува доволно количество течност, за да може телото да се избори со високите температури. Меѓутоа, повеќето од луѓето грешат кога се обидуваат да ја спречат дехидрацијата пиејќи несоодветни напивки.

Спортски пијалаци

Без оглед на тоа дали трчате или не, спортските пијалаци може да изгледаат привлечно кога сте изложени на сонце. Меѓутоа, треба да имате предвид оти ваквите напивки се наменети за спортистите, кои губат електролити, како натриум и калиум, поради напорните и долготрајни физички активности. Доколку ги пијат просечни лица, тоа значи внесување на 100 калории, на вештачки засладувачи и јаглехидрати.

Тетрапак-сокови

Ако мислите дека правите добар избор со земање тетрапак-сок наместо газирана напивка, се лажете. Тие се штетни и имаат занемарлива хранлива вредност. Содржат големо количество шеќер и конзерванси и не можат да се сметаат за здрави. Тоа важи и за соковите со парчиња овошје.

Витаминска вода

Витаминската вода е нездрава и непотребна. Точно, водата е неопходна за организмот, но ако пиете витаминска, може да претерате, особено ако вашата исхрана содржи доволно витамини. Исто така, во неа има шеќер, чие количество некогаш е еднакво на она во соковите.

Лaден чај

Ладниот чај е вкусен пијалак, особено во летните денови. Сепак, треба да се знае дека чаевите во шишиња содржат шеќер, дури и оние диеталните, односно синтетички засладувачи.
Експертите признаваат дека, сепак, ладниот чај, е најдобра опција од сите горенаведени, бидејќи е богат со антиоксиданти и го намалува ризикот од неколку болести.
Алтернатива за овие напивки можете да си направите дома и така ефикасно и здраво да се справувате со дехидрацијата. Најдобро е во студена вода да додадете лимон, босилек, праска, краставици или камилица.

Симптоми

Еден од симптомите на дехидратацијата сите знаат да го препознаат – жедта. Зголемената жед е знак дека телото веќе дехидрирало. Освен жедта, други симптоми кои можат да се појават како резултат на дехидратација се:

Дехидрацијата се јавува кога телото не добива доволно течност за да функционира правилно, а таа состојба може да доведе до згрутчување на крвта, дезориентираност и губење на свеста, како и до други потенцијално фатални компликации. Истражувањата покажуваат дека дури и благата дехидрација може неповолно да влијае на расположението и енергијата. Затоа е важно што порано да се препознаат симптомите на дехидрација, односно да се внимава до неа воопшто и да не дојде.

сува уста,
поспаност и замор,
слабост во мускулите,
главоболка,
вртоглавица,

Доколку дехидратацијата е посериозна, се појавуваат повеќе симптоми како:

отсуство на потење и солзи,
намалено производство на урина,
низок крвен притисок,
забрзан ритам на срцето,
збунетост и несвестица.

Колку вода треба да пиете?

Количеството вода што треба да се внесува зависи од многу фактори. Просечниот возрасен човек губи преку урината околу 1,5 литри течност дневно. Дополнително се губи околу 1 литар вода дневно преку дишењето и потењето. Тоа значи дека дневно се губат околу 2,5 литри вода, кои треба да се надоместат.
Околу 20% од водата ја внесуваме преку исхраната, па останува во форма на течности да внесеме уште 2 литри.
Заклучок: Ако внесувате 2 литри вода или други течности (околу 8 чаши), тоа значи дека консумирате доволно за да избегнете дехидратација и да му овозможите на вашето тело правилно да функционира.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...