Кој ќе гине за интересите на САД завиени во обланда приказна дека мисиите се хуманитарни и добротворни. Некој војник што го имаш кај тебе во фамилија?

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 14 февруари, 2020 10:55

Што значи за Македонија влезот во НАТО?

Фото/Текст извор: ©магазин

На собраниската седница од 11.02.2020 година со 114 гласа „ЗА“ беше усвоен „Закон за ратификација на протоколот за членоство на Македонија во НАТО“. Ова случка многумина ја видоа како повод за радост. Посебно премиерот на поранешната влада и лидерот на СДСМ – Зоран Заев. Од неговиот фејсбук статус во кој најавува дека „влегуваме во НАТО“ после се, можеше меѓуредови да се прочита и голема радост, но и гордост. Гордоста произлегува од доживувањето дека благодарение на заложбата на претходната влада на чело за Заев, напорно и посветено работела на доближување на државата кон нејзините стратешки цели – ЕУ и НАТО. Членството на Македонија во НАТО секако доаѓа во клучен период – пред изборите и претставува еден тип на награда бидејќи Македонија успеа „да го надмини спорот со името со Грција“. Дека промената на името е клучна за нашите успеси во остварувањето на стратешките цели, нè потсети и амбасадорката на САД во НАТО – Хачинсон во своето обраќање по повод ратификација на протоколот за членство.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски бара разрешување на техничката министерка Мизрахи заради кршење на Уставот. Кој ќе бара одговорност од него и неговата партија за кршење на Уставот и негово насилно менување?

Предизборните случувања се врзуваат со централното прашање – прашањето за името. Политичката партија „ВМРО – ДПМНЕ“ како најсилен адут за освојување на гласачките симпатии и доверба го има токму својот став кон името. Иако, тој не е дециден и сеопшт став, транспарентно искажан од страна на лидерот на партијата, сепак неколку ситуации упатуваат на тоа дека ова политичка партија ќе се залага за враќање на уставното име. Тоа може да се забележи пред сè по критиките кои се упатуваат кон владеењето на нивната ривалска партија – СДСМ, но и по гестот на министерката во техничката влада – Рашела Мизрахи. Имено техничката министерка за труд и социјална политика која е предложена од страна на ВМРО-ДПМНЕ јавно одби да застане пред табла на која пишува „Република Северна Македонија“. Со тој гест се подгреаа срцата на Македонците, се покажа неофицијалниот став на ВМРО-ДПМНЕ околу прашањето за името и нивните заложби во иднина за третирање на уставното име, но и се појавија реакции за противуставноста во гестот на Мизрахи. Дали гестот на Мизрахи е зрел политички гест, е гест на провокација или пак произлегува од искреното чувство на министерката е друго прашање. Како и да е најмалку може да и се замери од страна на оние кои насилно го променија Уставот на Република Македонија, без да ја послушаат референдумската волја на народот.

Дури целата јавност е фокусирана на ставовите на политичките партии околу прашањето за името, СДСМ вешто кокетира со успесите на меѓународен план

Прво на добрососедските односи што ги изради Македонија со Грција и Бугарија, а потем и на фактот што Македонија станува 30та членка на НАТО.

Ова се деца жртви од „миротворната акција“ на НАТО во Србија во 1999 година. Прашањето е колку детски жртви треба да има за да се прогласи мир?

Придобивките од влезот на Македонија во НАТО не се јасни за обичниот граѓанин и гласач. Особено поради фактот што не станува збор за директни економски придобивки кои може да се видат со голо око и се инвестиции, отворање на нови работни места или подобрување на услови за работа. Секако за придобивките од НАТО може да зборува на безбедносно ниво, бидејќи безбедноста и стабилноста на меѓудржавно ниво е зголемена. Но постои и друга страна од паричката, а придобивките од НАТО лесно можат да се претворат и во негативни последици што ќе бидат поконкретни и поочигледни. Треба да знаеме дека НАТО не ја гарантира внатрешната безбедност на државата, туку само меѓудржавната и дека македонската војска треба да испраќа воени сили како акт на „удружување на воени средства“ на сите „хуманитарни и миротворни мисии“ на НАТО низ светот. Хуманитарниот и миротворен карактер на мисиите на НАТО низ светот е проблематичен бидејќи очигледен е разорот, жртвите, економскиот крах, нарушување на стабилноста, цутот на сиромаштијата и сл. во Авганистан, Ирак или Сирија. Прашање е што е хуманитарно и миротворно во смртта на цивилно население или во предизвиканата миграција на луѓето од тие предели кон Европа поради загрозување на безбедноста и отежнати услови за живот? Македонската војска како дел од НАТО ќе продолжи да учествува во тие мисии и тоа на фронтални линии, каде што ризикот за загуба на животот е огромен. Се прашувам што мене конретено ќе ми донесе НАТО ако замислам дека утре брат ми ќе треба да држи оружје вперено во луѓе со кои нема ништо непријателско и е изложен на ризик да го загуби животот? Чуму мене ми е НАТО, ако војската не се бори за одржување на безбедноста на мојата држава, туку за остварување на хегемониските цели на САД?

Јасно е дека каде што има сила, нема правда и дека влегувањето на Македонија во НАТО е нужно зло. Проблемот е што сме доволно лицемерни да се преправаме дека тоа го разбираме како историски успех или дека на секој од нас поединечно тоа нешто посебно ни значи и ни го менува животот. Кокетирањето со влезот во НАТО е во служба на промена на уставното име, ние добро се избаждаривме за оваа награда, која со тек на време ќе видиме дали ќе се претвори во казна.

Автор: Стојмановиќ Магдалена

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна


Корона вирусот го смени светот. Ваков хаос не може да се создаде без план, ниту пак да помине без некој моќен да извлече ќар од оваа ситуација.

ЛАТАС: СЕВЕРНА е банкрот држава- СДСМ ќе си заминат богати, а ние ќе останеме со последици и долгови!

Епидемијата е во фокусот на внимание. Секаде. Работите околу вирусот, советите, теориите...

Владата мора да најде пари за плати на сите вработени од фирмите на кои им е наредено да престанат со работа: угостителство, туризам, транспорт, школи, факултети, трговски центри...

ЛАТАС: Филипче не е супермен- Никаков херој не е, туку збунет човек кој не ја контролира ситуацијата

Состојбата ни е вонредна. Сега и официјално. Вонредната состојба Пендаровски и Заев...

Ние немаме друг начин да го споделиме со вас она што допира со нас, освен да пишуваме на социјалните мрежи и еден помал дел од нас и во медиумите.

ВЕДНАШ ПРЕЗЕМЕТЕ МЕРКИ: Влегуваме во италијанско сценарио, време е за вонредни мерки!

Не сум сигурен, но мислам дека неколку наши државни раководители, коишто деновиве...