
Македонија
Култура
Вработените во Министерството за култура вчера биле порано пуштени од работа, во 14 часот, без да им се каже причината за тоа.
Велат дека и порано се случувало да бидат ослободени од работа порано, поради доаѓање на некои делегации, поради што првично не биле изненадени од одлуката.
Но порталот република.мк од свои извори дознава дека станува збор за влез на полицијата во Министерството, а притоа да не биде забележана од вработените.
Сепак вработените кои се задржале во околината на зградата во која работат, забележале дека во истата влегува полиција.
Вчера попладне новинари на порталот се обратиле писмено со новинарско прашање до Министерството за култура, но се уште немаат добиено одговор за причината за вчерашното празнење на зградата на оваа институција.
Се шпекулира дека после 14.30 часот биле изнесувани документи оттаму.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.