„Повраќа, има проблеми со желудникот. Не сум лекар, еве ви извештај“, рече Шврговски.

Објавил: Весна Петровска | 27 септември, 2019 14:00

Што се случува со екс шефот на УБК? – Силните болки на Мијалков го откажаа судењето

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков утрово не се појави на судењето за предметот „Трезор“ на СЈО. Неговиот адвокат, Љупчо Шврговски, на судот му достави извештај од специјалист за здравствената состојба на неговиот клиент и рече дека не се чувствува добро, па затоа бил спречен да дојде на судењето.

Поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија.
Мијалков дипломирал на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Економскиот факултет во 1998 година. Магистрирал во областа бизнис администрација. Дипломирал и магистрирал и на Економскиот факултет во Прага во 1994 година.
Во 1990 година станал член на ВМРО-ДПМНЕ.
Во периодот од 1998 до 2000 година, работел во Министерството за одбрана на местото помошник-министер за одбрана и безбедносно разузнување. Во периодот 2000 до 2001 година, бил советник за безбедносни прашања во Владата на Република Македонија. Од 29 август 2006 година е назначен за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на таа функција бил до 12 мај 2015 кога си поднел оставка

„Повраќа, има проблеми со желудникот. Не сум лекар, еве ви извештај“, рече Шврговски

Обвинителите од СЈО, Трајче Пеливанов и Артан Ајро не побараа увид во медицинскиот извештај. Судијката Џенета Бегтовиќ рече дека обвинетиот бил уредно повикан. Таа цитираше дека Мијалков доставил потврда од „Неуромедика“ и „Аџибадем Систина“, со кои се потврдува дека пациентот има отворено боледување од 25 септември. Бегтовиќ на латински ги читаше дијагнозите на Мијалков. Тој треба да направи контрола за една недела за да се провери состојбата.

Судијаката го прочита извештајот од лекарскиот наод на Мијалковски, повраќал имал зголемена температуриа, поджрдигнувал, повраќал, хернија.

Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, Горан Грујевски, поранешниот началник на петтата управа, Тони Јакимовски, ексшефот во кабинетот на Мијалков, и Небојша Сајковиќ, експомошник министер во МВР член на Управен одбор на Телеком, се обвинети дека набавиле опрема за прислушување во Лондон, 2010 година, но набавката не одела преку МВР, туку преку компанијата „Финзи“. Според СЈО, „Финзи“ во договор со УБК и МВР увозот на опремата го фактурирала по двојно поскапа цена.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Аеросолите се ослободуваат дури и кога едно лице без симптоми издишува, разговара или пее, според д-р Мар и повеќе од 200 други експерти, кои ги наведоа доказите во отворено писмо до Светската здравствена организација“.

Д-р Даниловски: Вирусот се пренесува и преку воздух – вака да се заштитите од вирус што лебди

Истакнатиот епидемиолог проф. Д-р Драган Данаиловски на својот Фејсбук профил се огласи...

Според протоколот за гласање најпрвин полицијата на влезната врата од гласачкото место бара гласачите да стават заштитна маска.

Симулација на безбедно гласање во пресрет на изборите на 15 јули

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска присуствуваше на симулацијата на гласачкиот...

На тоа Тачи вели дека всушност неговата изјава била извртена, односно суштината на неговата изјава била дека всушност Али Ахмети кој важи за политичар кој е подготвен на тенции, би можел да предизвика и војна доколку во Собранието нема Албански пратеници.

Тачи: Погрешно сум интерпретиран, не реков дека ќе има војна доколку нема Албанци во новата Влада

Во интервју на „Слободен печат“, лидерот на ДПА, Мендух Тачи,  ја објаснува изјавата...

Инаку денеска Комисијата за заразни болести на состанок утрово донела одлука од утре за влез во земјава да биде задолжителен ПЦР тест. Одлуката на Комисијата ја објави и министерот за здравство на фејсбук.

Филипче: Нема потреба од враќање на полицискиот час!

На денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека...