Тогаш новинарката и постави прашање на Катица дали се кае што ја ангажирала Стефанова,на што таа рече дека направила вистински избор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 јануари, 2020 10:58

ШТО СЕ СМЕНИ ЗА ЕДНА ГОДИНА: Стефанова минатата година беше професионалец а вчера го*нарка и о*оспија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ако направиме мал времеплов и се вратиме на почетокот на 2019 година, ќе знаеме дека поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, сега второосомничена за случајот Рекет, велеше дека Стефанова е исклучително добар обвинител кој ја има нејзината доверба. Овие пофалби и ги подели во емисија на 1тв(телевизијата на Боки 13)

„Стефанова е иста како и првиот момент кога ја повикав и во овој момент. Ја има целосно мојата доверба во работата, а најповеќе бидејќи се работи за еден искусен професионалец кој поминал многу саати во судница, во разни видови на ситуации кои ги налагале предметите“, ова го велеше Јанева пред само една годдина за обвинителката која вчера ја нарече гомнарја и ороспија.

Јанева и Стефанова на почетокот на 2019 година беа гости во емисија во 1тв

Тогаш новинарката и постави прашање на Катица дали се кае што ја ангажирала Стефанова,на што таа рече дека направила вистински избор.

-Апсолутно не, напротив, сметам дека мојот избор со секој ден, се повеќе што се работи во СЈО на определени предмети, повеќе сум уверена и јавноста е уверена дека вистински избор сум направила со сите обвинители, не само со специјалната обвинителка Лиле Стефанова, порача тогаш Јанева.

Но каде исчезна довербата и добрите зборови за Стефанова? Што се смени за една година? Каде пукна тиквата помеѓу двете обвинителки?

Јанева вчера упати погрдни зборови до Стефанова на што веднаш реагираше судијката Васка Николовска Масевска, која ги повика полицајците што ја спроведуваат од куќен притвор и нареди таа да биде изнесена од судница.

И клучното прашање кое се надеваме дека наскоро ќе добие одговор е дали трансформацијата на Јанева која е обвинета за Рекет се должи на тоа што Стефанова знае премногу?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во Охрид ги ослободуваме плажите според критериумите на УНЕСКО, ќе ги ослободиме и во Струга. Одлучни сме да го сочуваме статусот на заштитено светско наследство на Охридското Езеро, потенцираше Заев!

ЗАЕВ: Охридското Езеро е нашиот бисер, нашето богатство кое мора да си го чуваме и да го оставиме во наследство на нашите деца

Охридското Езеро е нашиот бисер, нашето богатство кое мора да си го чуваме и да го оставиме...

Таа даде и одговор и објаснување за тоа што е антисемитизам. Мизрахи кажа „кога ќе се спомне антисемитизам веројатно помислувате на Втората светска војна и оние 6 и пол милиони жртви Евреи, си помсилувате на Аушвиц, Треблинка ги занемаруваме сите останати жртви и тие треба да се споменат не само Евреите“.

Мизрахи: Ќе донесеме еднаквост меѓу сите

Рашела Мизрахи, кандидат за пратеник на листата на кандидати од 2 ИЕ денеска пред Музејот...