
Македонија
Вести
Воздухопловната авио компанија Skandinavian erlejns (SAS) откажа стотици летови кои беа закажани за во недела, поради штрајкот на пилотите, кој веќе втор ден се одржува во Шведска.
Поради застојот на работата на авио-компанијата, десетици илјади патници нема да можат да заминат на своите планирани патувања.
Пилотите на SAS во петокот почнаа со штрајк, поради неуспешните преговори за нивните плати, поради што е откажано повеќе од 70 отсто летови и околу 170.000 патници нема да заминат на планираните дестинации.
SAS соопшти дека уште 64.000 патници ќе бидат погодени со откажување, на уште 587 летови ширум Скандинавија. Пилотите инсистирале на поголема плата за 13 отсто, иако сега имаат месечна плата од 93.000 Шведски круни или околу 9.000 евра.
Аналитичарите проценуваат дека овој штрајк на дневно ниво чини 60 до 80 милиони шведски круни, или 5,65 до 7,54 милиони евра.
SAS е мултинационална авио компанија за Данска, Норвешка и Шведска и најголема авио компанија во Скандинавија со седиште во Осло. Авио компанијата е основана 1. август 1946 година кога се здружија националните авио компании на Данска, Норвешка и Шведска.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.