Поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Методија Илиевски член на Советот на општина Битола и Кристина Костова член во Централниот одбор во СДСМ ќе бидат идни потпретседатели на СДСМ.Поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Методија Илиевски член на Советот на општина Битола и Кристина Костова член во Централниот одбор во СДСМ ќе бидат идни потпретседатели на СДСМ .
СДСМ вечерва ја одржува првата седница на Централниот одбор, а Шукова, Чупеска, Илиевски и Костова се избрани за потпретседатели на партијата според неофицијални податоци.
За генерален секретар е избран Александар Димитријевиќ кој доаѓа од општинската организација на СДСМ во Гази Баба. Додека за организациони секретари се избрани Љупчо Фармаковски од СДСМ Центар и Мартин Костовски пратеник во Собранието.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.