Како што објави францускиот весник, Шумахер треба да биде ставен на специјална терапија со матични клетки со чија помош ќе му биде зајакнет имунитетот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 септември, 2019 11:28

Шумахер префрлен во болнинца Париз на специјална терапија со матични клетки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Легендата на Форула 1 Михаел Шумахер кој во 2013 година доби страшна повреда додека беше на скијање на француските Алпи  е хоспитализиран во француската престолнина, објави францускиот весник Le Parisien.

Весникот објави дека легендата на Форула 1 Михаел Шумахер бил префрлен од болницата Швајцарија во Париз за дводневна терапија во болницата „Жорџ Помпиду“, каде ќе му биде извршена специјална терапија со матични клетки.

Во моментот, германскиот ас е под надзор на познатиот лекар и професор Филип Менаш, експерт за кардиоваскуларна хирургија.

Михаел Шумахер, роден на 3 јануари 1969 е пензиониран германски Формула еден кој настапувал за тимовите на Џордан Град При, Бенетон и Ферари, каде што го поминал најголемиот дел од својата кариера, како и во Мерцедес Бенз на крајот на својата кариера. Познат по единаесет годишниот успех со Ферари, Шумахер е единаесет кратен Светски Шампион и е нашироко почитуван како еден од најдобрите Ф1 возачи на сите времиња.

Како што објави францускиот весник, Шумахер треба да биде ставен на специјална терапија со матични клетки со чија помош ќе му биде зајакнет имунитетот.

Според она што го објавија француските медиуми, ова е трет пат како најпознатиот возач на Формула 1 престојува во болницата во Париз.  Шумахер два пати досега бил во болницата „Жорџ Помпиду“, откако пред пет години, во декември 2013 доживеа тешка несреќа на скијање и доби сериозни повреди на главата.

Од несреќата па се до сега многу малку информации протекоа во јавноста за здравствената состојба на Шумахер, но последната информација беше токму од неговиот најдобар пријател Жан Тод, поранешниот шеф на Ферари кој на почетокот на годинава изјави дека откако го посетил Германецот „некои работи засекогаш се сменија“.

„Нештата никогаш веќе нема да бидат исти. Можам само да кажам дека неговото семејство многу добро се грижи за него и дека тој продолжува да се бори“, рече тогаш Тод.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Вечерва по победата на македонската одбојкарска репрезентација упати честитка до одбојкарите.

Мицкоски со порака за македонските одбојкари: Честитки за јуначката победа, Македонија е горда на вас

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со порака на својот Фејсбук профил упати...

Вербата во себе и својот тим, македонските одбојкари успеаа да дојдат до триумфот, и  да испишат историја. За првата историска победа на македонскиот национален тим во одбојка  најзаслужен беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 37 поен.

ВИДЕО: Ечеа македонски песни- вака одбојкарите ја слават историската победа

Македонскиот машки национален тим во одбојка, ја совлада Белорусија со 3:1 (по сетови...

Марко Пејчиновски денеска околу 18:30 часот тргна од Градското пристаниште во Охрид, да се обиде да преплива 64 километри во водите на Охридското езеро.

СРЕЌНО МЛАД ХЕРОЈУ: Охриѓанецот Марко почна да го плива маратонот од 64 километри!

Со насмевка и кренати раце, 13-годишниот Марко го започна најавениот подвиг на Охридското...