Ѓоковиќ е едноставно невероватен со неверојатна енергија

Објавил: Македонка Димкин | 5 јуни, 2023 0:02

Ѓоковиќ го надмина рекордот на Рафа Надал на „Ролан Гарос“

Фото/Текст извор: ©Магазин

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос откако денеска лесно се справи со 27-годишниот Хуан Пабло Вариљас од Перу.

Ѓоковиќ покажа сила, разлика во квалитет и со чисти 3-0 закажа битка за полуфиналето со 11. носител на турнирот, Карен Хачанов кој претходно го надигра Лоренцо Сонего. Новак славеше со 6:3, 6:2, 6:2 по два часа игра на теренот „Филип Шатрие“ со што по рекорден 17. пат обезбеди место во оваа фаза на Френч Опен.

Ова беше дуел во кој фаворитит само еднаш го загуби сервисот и тоа во првиот сет во петтиот гејм.

Во четвртфиналето на Ролан Гарос Ѓоковиќ ќе игра против Русинот Карен Хачанов, кој претходно денеска го совлада Италијанецот Лоренцо Сонега со 1:6, 6:4, 7:6 (9:7), 6:1.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.