Неверојатна сцена, натпреварот во моментот беше прекинат, бидејќи Новак со топка го погоди линискиот судија.

Објавил: Перо Милчин | 6 септември, 2020 23:09

ЃОКОВИЌ ДИСКФАЛИФИКУВАН ОД US OPEN: Погледнете во моментот кога Новак со топка го удри судијата(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Новак со топка го погоди линискиот судија и судиите решија да го дискфалификуваат од турнирот во Америка!

Неверојатна сцена, натпреварот во моментот беше прекинат, бидејќи Новак со топка го погоди линискиот судија. Резултатот во тој момент беше 6: 5 за Карења Буст, која имаше и брејк предност.

Новак Ѓоковиќ немаше намера силно да ја погоди топката, но фактот што го погоди судијата не може да резултира со поинаква одлука освен дисквалификација, смета Матс Виландер.

Коментатор на „Еуроспорт“ даде став за ситуацијата веднаш по скандалот на стадионот „Артур Еш“.

“Новак веројатно беше фрустриран, но не сум сигурен дали силно ја погоди топката. Не виде каде оди. Не сум сигурен дека ова е фер одлука. Новак не удри силно со топката, но правилото е дека во таа ситуација има дисквалификација. Без разлика дали си број еден или илјада и една, правилото е дисквалификација.

Верувам дека гледачите ако беа на стадион ќе им свиркаа на судиите во оваа ситуација. Никогаш не сум видел таква драматична ситуација. Треба да бидете претпазливи во вакви ситуации, можете да удрите дете кое ја собира топката. Никогаш не сум видел толку лоша среќа на теренот “, изјави Матс Виландер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис

Ова за Ноле беше петта победа во меѓубсените дуели со Шварцман, победа со која стигна до 36 АТП Мастерс титула во кариерата со што изби сам на врвот, поточно сега има една повеќе од Рафаел Надал.

Титула за нов рекорд: Ѓоковиќ испиша историја во Рим! (ВИДЕО)

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ е победник на АТП Мастерсот во Рим и тоа откако во финалето...

Генерално, во првите натпревари гледавме малку игра, бидејќи и Ѓоковиќ и Раониќ ги решија бодовите со добри или лоши сервиси.

КРАЛ НА ТЕНИСОТ: Неверојатна победа на Ѓоковиќ против Раониќ за 80-ти трофеј

Иако беше видно исцрпен, најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ најде сили да направи...

Во колумната за „Хералд сан“,Грот беше многу суров кон Новак во неколку наврати, како што  правеше и претходно.

БАРААТ ЃОКОВИЌ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ: Не ми е грижа за неговата донација во болниците, Ѓоковиќ мора да си оди!

Критиките кон Новак Ѓоковиќ продолжува по организирањето на Адрија Тур, а последната...