Ѓоковиќ: Заработив доволно за да ја нахранам цела Србија

Објавил: Узунов Бобан | 26 август, 2019 8:50

Ѓоковиќ: Заработив доволно за да ја нахранам цела Србија – ОТВОРА РЕСТОРАН ЗА БЕЗДОМНИЦИ

Фото/Текст извор: ©магазин

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно ги освојува симпатиите на светот – овојпат не со тениската игра туку со хуманитарната работа. Светскиот тениски ас во Србија отвора ресторан за бездомници.

Парите не ми се проблем, заработив доволно за да ја нахранам цела Србија. Мислам дека заслужуваат такво нешто, зашто секогаш ме поддржувале. Уште не знам која ќе биде точната локција, но ќе биде некаде во Србија, вели Ѓоковиќ.

Познато е дека на српскиот тенисер голема страст му е готвењето, па кога има слободно време, го минува во кујна.

Тој и досега има два ресторана, „Новак“ во Белград, во близина на Арена, отворен пред десет години и „Еквита“, вегански ресторан во Монте Карло, каде што живее со семејството

Новак Ѓоковиќ е роден во Белград, СФР Југославија на 22 мај 1987 година, од родителите Срѓан и Дијана Ѓоковиќ. Неговите двајца помлади браќа Ѓорѓе и Марко, исто така, се тенисери со професионални аспирации. Новак е оженет со Јелена Ристиќ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Затоа не се вештачи мојот телефон, затоа што не треба да се види мојот телефон за да не се види мојата комуникација со Сашо Мијалков.

Заев испратил порака до Боки13 за Рекет- Дојди да се видиме и ќе се соочиме со доказите!

Дојди да се видиме и ќе се соочиме со доказите“ – порака од Зоран Заев испратена до...

Индексот на индустриското производство во периодот јануари ‒ април 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ април 2019 година, изнесува 88.8.

СТАТИСТИКА: Во април забележан пад на индустријата!

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство...

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,167 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 26.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 23,260 ден/кг!

Од полноќ нови цени на горивата!

Со оваа Одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во...