Мојата земја од 91, 92 па се до 2000 година беше под ембарго. Се боревме за леб и млеко и останатите најпотребни работи за преживување.

Објавил: Сара Фемина | 4 април, 2019 18:14

ЃОКОВИЌ ЗА БОМБАРДИРАЊЕТО НА СРБИЈА: Бомбардираа невини луѓе, јас сакав да се ОСВЕТАМ

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, во интервју откри низ какви тешки ситуации поминал за време на НАТО агресијата на Србија во 1999 година.

Во интервју со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, за британскиот новинар Џеј Шети, Новак до детали опиша низ каков пекол поминал додека траело бомбардирањето на Србија во 1999 година.

Тој започнал да игра тенис на четиригодишна ворзаст, а на осумгодишна возраст бил забележан од југословенската тениска легенда Јелена Генчиќ, која за него изјавила: „Ова е најголемиот талент кој сум го видела од Моника Селеш“. На возраст од 12 години, Новак поминал три месеци во тениската академија на Никола Пилиќ во Минхен, Германија, а на возраст од 14 години, започнала неговата меѓународна тениска кариера, победувајќи на европскиот шампионат во поединечна, дубл и тимска конкуренција. 

Најдобриот тенисер на светот Ѓоковиќ, откри дека како дете 1999 година, кога НАТО ја бомбардираше Србија и Црна Гора, поминал низ најтешките моменти од својот живот.

Мојата земја од 91, 92 па се до 2000 година беше под ембарго. Се боревме за леб и млеко и останатите најпотребни работи за преживување. Потоа 1999 година, Србија беше бомбардирана два и пол месеци, секоја ноќ и секој ден, рече Ѓоковиќ и додаде:

Моето семејство и јас, два и пол месеци се будевме во текот на ноќта кога се пуштаа сирените, и звукот од авионите кои ја надлетуваа Србија. Беше страшно. Најстрашната ситуација која некогаш сум ја видел.

Беше ужасно да се гледаат авиони кои над главата бомбардираат болници и се друго. Многу невини луѓе загинаа, а благодарен сум на бога што не изгубив никого близок, иако познавам луѓе кои загубија свои блиски роднини и пријатели. Таа лузна ќе остане засекогаш до крајот на животот. Сеќавањата ќе останат до крајот на мојот живот.

Новак Ѓоковиќ е роден во Белград, СФР Југославија на 22 мај 1987 година, од родителите Срѓан и Дијана Ѓоковиќ. Неговите двајца помлади браќа Ѓорѓе и Марко, исто така, се тенисери со професионални аспирации. Новак е оженет со Јелена Ристиќ

„На почетокот како и многу други луѓе во Србија , јас сакав ОСВЕТА ! Кој се тие да бомбардираат невини луѓе? Што се случуваше? Имав 12 години и се сеќавам дека на денот на мојот роденден се криев во подрумите. 

„После неколку денови мојот 12 роденден го прославив со моите другари, играјќи тенис. Тогаш одевме на училиште и беше супер. Ми пееја роденденска песна, а јас само се сеќавам на сликите од авионите и застрашувачките сирени„

„Тешките сеќавања што ги имам од тоа време, ме направија да бидам појак во мојот живот и работите да ги гледам поинаку, изјави Ѓоковиќ во своето интервју за британска телевизија„

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Моите чеда, сите поседуваат талент за глума.. но ги советував да не тргнуваат по тој пат, неизвесност, зашто многу е тешко да бидеш артист а да не добиеш слава.

Интервју со Лазар Бараков за Магазин: Додека родителите мислеа дека студирам медицина, јас го снимив првиот филм!

Македонскиот актер и омилениот лик од народните приказни Лазар Бараков, во интервју...

На двајцата им е втор брак. Бисера има син, Мухамед две ќерки, а на пат е и нивното заедничко дете, за кое откриваат дека ќе биде девојче.

Интервју со Бисера и Мухамед Зекири: Љубовта не знае за пречки, треба да се следи срцето- ЌЕ ДОБИЕМЕ ДЕВОЈЧЕ!

Свадбата на Бисера Јордановска и Мухамед Зекири, која се одржа минатиот викенд во хотелот...

“Планот за живот беше сериозен план кој го насочивме во изборна програма и токму таа програма е дел од програмата на владата и многу проекти се реализирани во роковите и пред роковите.

СПАСОВСКИ: Има нешто што е труло во системот на правосудството!

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју“ на...