Ѓоковиќ во интервју за еден српски медиум ја прокоментира смртта на кошаркарот Коби Брајант, кој го загуби животот во трагична хеликоптерска несреќа. Тој откри дека со Брајант биле блиски, и  дека кога му било најтешко, добил помош токму од него.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 февруари, 2020 15:22

Ѓоковиќ за Коби Брајант: Тој ми помогна кога ми беше најтешко во животот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Светскиот број еден тенисер, српскиот миленик Новак Ѓоковиќ кој моментално со своето семејство е во Белград, Србија каде го користи секој момент за уживање со своите сограѓани, но е достапен и за интервјуа за локалните медиуми.

Легендарниот кошаркар Коби Брајант животот го загуби заедно со својата 13 годишна ќерка и седум други лица во страшна хеликоптерска несреќа.

Ѓоковиќ во интервју за еден српски медиум ја прокоментира смртта на кошаркарот Коби Брајант, кој го загуби животот во трагична хеликоптерска несреќа. Тој откри дека со Брајант биле блиски, и  дека кога му било најтешко, добил помош токму од него.

-Во 2017-та година имав повреда на лактот, поради која ми беше многу тешко и бев во комуникација со многу врвни спортисти. Морам да признаам дека најмногу ми помогна Коби Брајант со неговите совети, рече Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ само неколку дена пред смртта на Коби Брајант во интервју  за ЕСПН, зборуваше за неговата врска со Брајант.

– Коби е еден од моите ментори. Со него неколкупати разговарав по телефон и, се разбира, кога лично се сретнавме. Кога имав повреда на лактот, и психолошки и емотивно не можев да се справам со тоа што се случува, со пад на оценката и потребата да ја повратам мојата позиција, тој беше еден од оние што ми дадоа многу вреден совет за тоа како да верувам во себе. Јас сум многу благодарен за неговата поддршка. Го сакам Коби – а кој не? Тој е неверојатен човек и еден од најдобрите кошаркари и спортисти во историјата – изјави тогаш Ѓоковиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Тој преку својот „Инстаграм“ кажа дека има Ковид -19  и соопшти дека претходно две недели бил во Македонија каде се ракувал и фотографирал со многу луѓе.

Ѓорѓе Давид шокираше: „ Многу познати кријат дека имаат корона а лежат со мене во болница!“

Пред неколку дена на својот Инстаграм профил пејачот Ѓорѓе Давид објави дека е заразен...

Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн.

Денеска е 1 април – Светски ден на шегата

Денеска е први април, денот на шегата. Во најразлични земји од целиот свет, Денот на...

Воедно тој е и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а моментално е во болница поради воспаление на белите дробови. Тој преку својот Инстаграм профил испрати порака до сите.

Коронавирусот пристигна и во „Ѕвездите на Гранд“-Член на жирито заразен откако бил во Македонија!

Српскиот рокер Давид Ѓорѓе пред неколку дена преку социјалните мрежи потврди дека...

Веќе неколку пати се зборуваше за укинување на летното и зимско сметање на времето. Уште минатата година во рамките на ЕУ се зборуваше за укинување на оваа пракса најдоцна до оваа година.

ВО НЕДЕЛА ЗАПОЧНУВА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО- Ќе биде ли ова последно менување?

Во недела, односно овој викенд започнува летното сметање на времето. На 29 март во 2 часот...