Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, купи 80 отсто од данската биотехнолошка компанија KvantBioRes.
Тоа е компанија која развива медицински третман за Ковид-19, изјави извршниот директор на таа компанија за Ројтерс.
Директорот на компанијата Иван Лончаревиќ рече дека инвестицијата е реализирана во јули 2020 година, но одби да каже колкава била нејзината вредност, пишува Ројтерс. Квантбиорес вработува 11 научници во Данска, Австралија и Словенија, а примарната цел ѝ е да развие лек за ковид, а не вакцина, рече Лончаревиќ.
Компанијата развива пептид што спречува коронавирусот да ги заразува човечките клетки и очекува клиничкото тестирање да почне во Велика Британија ова лето, рече Лончаревиќ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.