
Спорт
Тенис
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ е голем носталгичар, вели дека спортот треба да биде надвор од политиката и тој ги сака сите земји од поранешната федерација.
Новак Ѓоковиќ често знае да им даде поддршка на хрватските спортисти, а особено тоа беше нагласено за време на фудбалското Светско првенство во Русија кога отворено ги поддржа Модриќ, Ракитиќ и останатите.
Тој вели дека политиката треба да се тргне на страна, Хрватска, Македонија и Босна и Херцеговина ги гледа како свои.

Свесен сум за политичката ситуација и знам дека раните од војната се свежи за многу луѓе. Се молам за сите кои се уште имаат последици од таа војна, но силно верувам дека спортот треба да биде надвор од политиката. Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина се нашите први соседи и јас ги гледам како свои. Знам дека многумина ќе бидат навредени од ова што го зборувам, но ги разбирам и нив и ги почитува, само го кажувам моето мислење“, изјави Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ освоил бронзен медал претставувајќи ја Србија на Олимписките игри во 2008 година, а во 2010 година ја предводел Србија до победата во Дејвис купот. Ѓоковиќ завршувал на третото место на табелата на АТП во четири последователни години, од 2007 до 2010 година.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.