За одлуката на судот да се депортира Ѓоковиќ се огласи и австралискиот премиер Скот Морисон.

Објавил: admin@magazin | 16 јануари, 2022 10:54

Ѓоковиќ мора да плати парична казна и добива забрана за влез во Австралија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со едногласна одлука од сите тројца судии во Федералниот суд во Мелбурн, донесена е пресуда – Новак Ѓоковиќ мора да ја напушти Австралија, нема да игра на Отвореното првенство во Мелбурн каде требаше да ја брани титулата и ќе мора да плати отштета од 500.000 австралиски долари.

За одлуката на судот да се депортира Ѓоковиќ се огласи и австралискиот премиер Скот Морисон.

„Федералниот суд на Австралија едногласно одлучи да го отфрли барањето на господинот Новак Ѓоковиќ за судското преиспитување со кое сакаше да се оспори одлуката на минстерот за имиграција да му ја укине визата. Оваа одлука за откажување донесена е поради здравјето, сигурноста и редот, бидејќи тоа беше во јавен интерес. Ја поздравувам одлуката нашите граници да се одржат силни и Австралијците безбедни“, изјави премиерот.

Ѓоковиќ се соочи со главниот судија Џејмс Алсоп, судијата Ентони Бесанко и судијата Дејвид О’Калаган во целосната судска проверка на одлуката на министерот за имиграција Алекс Хок да ја укине визата број 1 на светот на тенисот.

Одлуката на Федералниот суд беше едногласна со тоа што на Ѓоковиќ му беше наредено да ги плати сите правни трошоци направени од владата.

Судиите не ги наведоа причините за нивните одлуки, но рекоа дека тоа ќе го сторат во наредните денови.

Ѓоковиќ сега нема да може да се натпреварува на Австралија опен што започнува во Мелбурн во понеделник.

Сега ќе одвојам малку време да се одморам и да се опоравам, пред да дадам дополнителни коментари освен ова. Крајно сум разочаран од одлуката на судот да го отфрли моето барање за судска проверка на одлуката на министерот да ми ја одземе визата, што значи дека не можам да останам во Австралија и да учествувам на Австралија опен“, рече Ѓоковиќ по одлуката!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Најчитани вести

[jetpack_top_posts_widget title="" count="5" types="post" display="list"]

Останати вести од Тенис

Родена сум во Франција и никогаш не живеев во поранешна Југославија. Тато многу брзо се вклопи како Французин. Јас сум Французинка во главата, а Србинка во срцето.

Француска тенисерка го поддржа Ѓоковиќ: И за мене Косово е Србија!

Француската тенисерка Кристина Младеновиќ го коментираше потегот на Новак Ѓоковиќ...

Ова е седми триумф на Ѓоковиќ на Вимблдон, со што се израмни по бројот на триумфи со неговиот идол Пит Сампрас, додека Рожер Федерер има еден триумф повеќе.

Седма титула за Новак Ѓоковиќ на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ ја продолжува доминацијата на Вимблдон и со победата во денешното финале...

Во интервју за „Би-би-си“ српскиот тенисер изјави дека тоа е цената што е подготвен да ја плати.

„Да, тоа е цената што сум подготвен да ја платам. Никогаш не сум бил против вакцините, ги примав како дете, но секогаш ја поддржував слободата да избираш што ставаш во вашето тело. Принципите на донесување одлуки за моето тело се поважни од која било титула или било што друго. Се трудам да бидам во склад со моето тело што е можно повеќе“, изјави Ѓоковиќ на таа тема и додаде:

„Мојот ум е отворен кога станува збор за можноста да бидам вакциниран во иднина бидејќи сите заедно се трудиме и ќе го најдеме најдоброто решение кога станува збор за борбата против Ковид. Повторувам, никогаш не сум бил против вакцинацијата и се надевам дека сите ќе го видат крајот на овој вирус многу брзо. Се обидувам да го задржам мојот ум отворен бидејќи сите се обидуваме да го најдеме најдоброто можно решение. Никој не сака да биде во оваа ситуација во која колективно сме две години. Јас сум дел од глобален спорт кој се игра секоја недела на различни локации. Ги разбирам последиците на својата одлука. Една од последиците е да не одам во Австралија, бев подготвен на тоа. Разбирам дека тоа што не се вакцинирам денес значи дека не можам патуваат на повеќето турнири“.

Ѓоковиќ: Нема да примам вакцина, ќе ги жртвувам трофеите

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека не е „антиваксер“, но дека попрво...