
Македонија
Вести
Новак Ѓоковиќ е на прагот на остварување на нов неверојатен тениски јубилеј, со триумф вечерва во финалето во Мајами да стигне до 100. трофеј во фантастичната кариера. Новак според многумина е најдобар светски тенисер на сите времиња, тој подолг период застана на 99 трофеи (од ноември 2023), а вечерва има одлична можност да влезе во „Клубот 100“.
Негов ривал во големото финале ќе биде чешкиот тинејџер Јакуб Меншик, 19-годишниот тенисер кој моментно се наоѓа на 54. место на АТП-листата.
Ѓоковиќ има двојно повеќе години од денешниот противник, но Србинот делува максимално фокусирано да стигне до седмата титула во Мајами, со што би станал рекордер и на овој турнир (во моментов има шест, исто колку и Андре Агаси).
Ѓоковиќ и Меншик досега имаат одиграно еден меѓусебен меч, Србинот беше подобар со 2-1 во сетови во Шангај во 2024 година.
Во август со титулата на Олимписките игри српскиот тениер дојде до бројката 99 во кариерата и од тогаш поминаа 238 дена. Во овој период Ѓоковиќ играше финале на Мастерсот во Шангај каде што го порази Јаник Синер.
Ако вечерва слави победа Ѓоковиќ ќе стане само третиот тенисер со троцифрен број титули, Џими Конорс освои 109 и Рожер Федерер 103. Мечот помеѓу Ѓоковиќ и Меншик започнува од 21:00 часот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.