Првиот рекет на светот Ѓоковиќ ја доби наградата "Laureus" за достигнувањето на спортот за претходната година, на свечената церемонија во Монако.

Објавил: Перо Милчин | 19 февруари, 2019 12:46

Ѓоковиќ по четврти пат избран за најдобар спортист на планетава

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е избран за најдобар спортист на светот за 2018 година.

Првиот рекет на светот Ѓоковиќ ја доби наградата “Laureus” за достигнувањето на спортот за претходната година, на свечената церемонија во Монако. Спортската академија “Laureus” ова признание го доделува секоја година, а Ѓоковиќ беше 3 пати избиран за најдобар во  2012, 2015. i 2016.
Српскиот ас во другата половина од 2018 година дојде на триумфот, кога го освои Винболдон, Мастерсот во Синсинатија,Мастерс во Шангај и US open.

Новак Ѓоковиќ заедно со сопругата Јелена Ѓоковиќ на доделувањето на наградите на“Laureus” . Спортската академија “Laureus” ова признание го доделува секоја година, а Ѓоковиќ беше 3 пати избиран за најдобар во 2012, 2015. i 2016.

Новак е избран за најдобар спортист за 2018 година, во конкуренција со Лука Модриќ, Леброн Џејмс, Луис Хамилтон. За сега Роџер Федерер е рекордер со 5 “Laureus” награди, а Ѓоковиќ сега го дели второто место на вечната листа. 

За најдобар машки тим е избрана фудбалската репрезентација на Франција, која на мундијалот во Русија постана шампион на светот.
Легендарната скијачка Линдзи Вон доби специјална награда Дух на спортот, која се доделува на заслужни спортисти кои заминуваат во пензија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис

Двајцата тенисери како да ги чуваа силите на стартот, во очекување на долга борба за титулата, па започнаа резервирано.

МАЕСТРО НОВАК ЃОКОВИЌ ГО СМАЧКА ФЕДЕРЕР ВО ФИНАЛЕТО НА ВИМБОЛДОН!

Новото маратонско финале на Вимблдон донесе победа за Новак Ѓоковиќ во дуелот со Роџер...

Халеп после само 11 минути игра водеше со 4:0. Финалето поради овој маестрален настап на Халеп и лошо издание на Серена траеше само 56 минути.

Симона Халеп ја растури Вилијамс и го освои првиот трофеј на ВИМБОЛДОН!

Симона Халеп е нова шампионка на Вимблдон! Симона Халеп денес со 2:0 во сетови ја победи...