Српскиот тениски ас утринава го совлада Тацумо Ито со 3-0 во второто коло на Австралија опен. Играта по сетови беше 6:1, 6:4 и 6:2, па србинот прослави убедлива победа. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 јануари, 2020 15:18

Ѓоковиќ со нов успех: Стана втор тенисер во историјата со по 70 победи на три Грен слема

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најпознатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ утринава со победата над Тацумо Ито, стана вториот играч кој оствари 70 победи на три Грен слема.

Ѓоковиќ втор во историјата со по 70 победи на три Грен слема

Српскиот тениски ас утринава го совлада Тацумо Ито со 3-0 во второто коло на Австралија опен. Играта по сетови беше 6:1, 6:4 и 6:2, па србинот прослави убедлива победа. 

За Ѓоковиќ, ова е 70. натпревар во Мелбурн на кој славеше победа, а Австралија опен стана трет Грен слем на кој Србинот извојува 70 победи.

Погледнете ја неговата статистика на победени и изгубени натпревари на четири Грен слема:

Австралија опен 70-8 (победи-порази)
Ролан Гарос 68-14
Вимблдон 72-10
УС опен 72-11.

Српскиот тенисер со денешната победа стана вториот играч кој оствари 70 победи на три Грен слема.

Ваков успех до сега има постигнато само светски познатиот Роџер Федерер, кој има 70 победи на сите четири Грен слема. 

Инаку патот до успехот на Новак Ѓоковиќ не бил многу лесен. 

Пред неколку месеци мајката на  Ѓоковиќ, во интервју за хрватскиот весник „Вечерни лист“ буквално си ја отвори душата и раскажа како во животот се борела за своето семејство.

Во интервјуто таа откри дека во еден миг пропаднале толку длабоко, што дошле на работ на банкрот поради кариерата на Новак. Таа открива дека тие имале фамилијарен ресторан на Копаоник кој всушност бил единствениот избор на пари, а токму таа работела деноноќно за да може да опстане семејството.

– Имаше моменти кога мислевме дека финансиски не можеме повеќе да издржиме. На крај некако се снаоѓавме. Тоа беше единствен начин нашиот син да успее. Тој тоа не го знаеше и не требаше да го знае. Не го оптеретувавме дали имаме или немаме. За него мораше да имаме. Седумнаесет години работев во ресторанот, од 10 до 16 часа. Правев палачинки, работев на шанк, правев пици.. Срѓан патуваше со него, а јас им ги праќав сите пари кои ќе ги заработев. На крајот се исплати, но можеше да биде и поинаку – раскажа таа за „Вечерњи лист“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис

Ова за Ноле беше петта победа во меѓубсените дуели со Шварцман, победа со која стигна до 36 АТП Мастерс титула во кариерата со што изби сам на врвот, поточно сега има една повеќе од Рафаел Надал.

Титула за нов рекорд: Ѓоковиќ испиша историја во Рим! (ВИДЕО)

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ е победник на АТП Мастерсот во Рим и тоа откако во финалето...

Неверојатна сцена, натпреварот во моментот беше прекинат, бидејќи Новак со топка го погоди линискиот судија.

ЃОКОВИЌ ДИСКФАЛИФИКУВАН ОД US OPEN: Погледнете во моментот кога Новак со топка го удри судијата(ВИДЕО)

Новак со топка го погоди линискиот судија и судиите решија да го дискфалификуваат...

Генерално, во првите натпревари гледавме малку игра, бидејќи и Ѓоковиќ и Раониќ ги решија бодовите со добри или лоши сервиси.

КРАЛ НА ТЕНИСОТ: Неверојатна победа на Ѓоковиќ против Раониќ за 80-ти трофеј

Иако беше видно исцрпен, најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ најде сили да направи...