Снимен е на аеродромот во Мелбурн во друштво на Горан Иванишевиќ и други луѓе кои се грижат за неговата кариера. Ѓоковиќ, според медиумите во регионот од Австралија ќе лета за Дубаи, каде потоа ќе се префрли на лет за Белград а утре претпладне го очекуваат во Србија

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 јануари, 2022 14:46

Ѓоковиќ ја напушти Австралија по судската одлука за депортација

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новак Ѓоковиќ е депортиран од Австралија. Во придружба на австралиската гранична полиција, тој денеска се качи на летот што требаше да поаѓа од Мелбурн за Дубаи во 12:30 часот и полета со мало задоцнување, јавуваат светските агенции.

Снимен е на аеродромот во Мелбурн во друштво на Горан Иванишевиќ и други луѓе кои се грижат за неговата кариера. Ѓоковиќ, според медиумите во регионот од Австралија ќе лета за Дубаи, каде потоа ќе се префрли на лет за Белград а утре претпладне го очекуваат во Србија!

По судската одлука Ѓоковиќ изјави дека е разочаран, но дека ќе соработува со властите при заминувањето од Австралија.

Австралискиот министер за миграциски прашања Алекс Хок ја поздрави одлуката на судот кој, како што истакна, го потврдил неговото дискреционо право и во име на јавниот интерес му ја одземал визата на Ѓоковиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Обединетите Нации (ОН) предупредија дека глобалните залихи на пченица паднаа на најниско ниво од 2008 година, бидејќи „залихите се погодени од појава што се случува еднаш во генерација“.

Светот има залихи на пченица само за уште 10 недели

Светот има залихи на пченица за уште само 10 недели, што е последица на руската инвазија...

Случаите се регистрирани во вкупно 12 држави. Првиот случај е потврден во Англија на 7 мај, а во последните две недели е раширен и во останатите 12 земји.

СЗО: Потврдени 80 случаи на мајмунски сипаници во светот, еве во кои земји се регистрирани

Светската здравствена организација потврди дека со вирусот на мајмунски сипаници,...

Говорејќи на самитот за храна во Њујорк, Гутереш апелираше до Русија да ја укине блокадата на Црното Море, која ги спречува испораките на украинско жито на прекуокеанските пазари.

Кризата со храна може да трае со години, вели шефот на ОН

Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш предупреди дека недостигот...