Ѓорчев потсети дека ВМРО-ДПМНЕ во Источна Македонија изгради факултет за да заживее регионот. СДСМ со својата неработа создаде единствено пустош низ земјава.

Објавил: Перо Милчин | 8 јуни, 2021 5:28

Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ во Источна Македонија за локални избори ќе победи, а мнозинството на СДСМ е прилично слабо и на климави нозе

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Ако има парламентарни избори ние апсолутно сме подготвени. Но, ако мене лично ме прашувате мислам дека е добро и неизбежно да имаме локални избори, на тие локални избори очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ. Апсолутно, посебно тука во Штип и во Источна Македонија. А, после тоа не би исклучил некое рекомпонирање за тоа што мнозинството на СДСМ е прилично, прилично слабо и на климави нозе“, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Што мисли Народот“ на ТВ Стар.

Ѓорчев додаде дека СДСМ во Парламент има без коалициони партнери 29 пратеници, а ВМРО- ДПМНЕ има 40 во моментов, а со коалициони ВМРО-ДПМНЕ има 44 пратеници.

„Ако ги ставиме на куп сите тие 15 партии кои што ги има СДСМ коалицијата доаѓаат едвај до 62 пратеници“, нагласи Ѓорчев.

Ѓорчев појасни дека тема за локалните избори сега која ќе се говори се проблемите по општините, ветено од градоначалниците на СДСМ но нереализирано, но и темата со КОВИД – 19 ќе биде доста актуелна.

Мислам дека темите и расположението на сентиментот на локалните избори ќе биде свртено на она што се однесува на националните и државните теми, но исто така и темата со КОВИД-19“, рече Ѓорчев.

Ѓорчев потсети дека ВМРО-ДПМНЕ во Источна Македонија изгради факултет за да заживее регионот. СДСМ со својата неработа создаде единствено пустош низ земјава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Премиерот Заев на средбата истакна дека тој и владината делегација се во Софија за да се вложат напори за градење доверба и да се направи чекор напред кон решение бидејќи македонскиот и бугарскиот народ се блиски и природно повикани на соработка.

Заев и Борисов од Софија: Нашите народи се многу блиски и упатени на соработка, нема да дозволиме да се развива омраза меѓу младите

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев ги започна активностите...

Тој во интервју за српски Курир изјави дека еден премиер на функција треба да остане најмногу до два мандати. Во спротивно, според него, постои ризик премиерот да стане автократ.

Заев најави повлекување од политиката

Премиерот Зоран Заев најавува дека од политиката ќе се повлече за три години, пишува...

Дали Заев со профаќањето на декларацијата на бугарскиот парламент прифатил и дека Гоце Делчев е бугарин, но и неговитр современици од тој период на македонската историја?

Дали Заев ја прифатил бугарската декларација со која се поништува македонскиот јазик, култура и идентитет?

Белосветскиот криминалец Заев да не бега од одговори за тоа дали бугарската декларација...

Инаку, Ахмети денеска најави „големо изненадување“ кое ќе се открие на 5-ти јуни, кога впрочем е роденденот на ДУИ. Патем, ваквата најава коинцидираше со билбордите со зелена боја на која осамна пораката дека „Нешто големо доаѓа“.

ДУИ почна да бира кандидати за градоначалници, неизвесност за Чаир и Струга

Актуелниот градоначалник на Липково од редовите на ДУИ, Еркан Арифи, е прв кој доби...