2018, минатата година, 2018-та беше најлоша демографска година во историјата на Македонија.

Објавил: Перо Милчин | 30 август, 2019 22:04

ЃОРЧЕВ ГРМЕШЕ ВО СОБРАНИЕ: “Со Заев и СДСМ Македонија биолошки умира, ОВА Е КАТАСТРОФА”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Стануваме ќе речам земја без народ. Ќе ги видите бројките утре, задутре, ден потоа. Ќе дојде првиот училишен ден, празни се училиштата, не може паралелки да се направат. Да, тоа е поврзано со вакви неспособни министри на кои што имињата не им ги знаеме. Кои што пет минути не можат да набројат една фабрика што донеле. И една работа што сработеле“, рече Ѓорчев, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

„Вчера излегоа податоците од вториот квартал за 2019 година, второто тримесечие, април, мај, јуни за бројот на новородени деца во Македонија, и оваа бројка е најлоша во историјата на Македонија откако има статистика, бројки и завод за статистика на Македонија, рече денеска од собраниските клупи, пратеникот Влатко Ѓорчев.

Заводот за статистика вчера ни порача и ни соопшти дека во второто тримесечие, во вториот квартал падот на родени бебиња во Македонија е фрапантни 10,6%. Тоа е огромна демографска рецесија. Тоа е рецесија невидена во историјата на Македонија. Тоа значи дека Македонија се иселува, тоа значи дека градовите и селата ни се празнат. Тоа значи дека за жал Македонија станува земја без народ поради катастрофалните анти – семејни, анти – човечки политики на Зоран Заев и неговите 28 министри.

2018, минатата година, 2018-та беше најлоша демографска година во историјата на Македонија. Е од таа најлоша 2018 година како резултат на политиките на Зоран Заев кога се родија само 21.300 бебиња сега имаме ситуација од таа најлоша демографска година да имаме падови од 10,6%, рецесија од 10,6%, потенцираше Ѓорчев.

Во економијата кога ќе падне бројката 1,2,3 или 4 проценти во рецесија се вклучуваат сите аларми и кризни мерки. Сега со оваа влада, со овој егзодус нам ни се случува рецесија во еден квартал од 10,6%. Зоран Заев воопшто тоа не го допира.

Истовремено имаме во второто тримесечие 2019-та година сега, имаме зголемување на бројот на умрените од 7,3%. И тоа изнесува 4.928 лица. Значи внимавајте за која дискрепанца зборуваме, гледајте за која напредна фаза за жал колку тоа болно и да звучи но мораме да го констатираме на демографско биолошко исчезнување, зборуваме денес во Македонија. Со Зоран Заев, Венко Филипче и Мила Царовска, пад на родените бебиња од 10,6 проценти и раст на умрените од 7,3 проценти.

Ако тоа не е катастрофа тогаш не знам што е. Тоа е физички импириски доказ дека оваа Влада на Зоран Заев не донесе како што велеа „Живот во Македонија“, туку иселување, егзодус и заминување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари.

СОВЕТНИКОТ НА ЗАЕВ ЗАБРЧАНЕЦ СЕ ПОФАЛИ НА ФБ: -Парите кај граѓаните – исполнето!

Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови...