Тие знаат што се случува во Македонија и затоа со месеци, па можеби и година дена никој нема дојдено во Македонија. Со корумпирани политичари европејците не сакаат да имаат работа, нагласи Ѓорчев.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 јуни, 2021 7:26

Ѓорчев: Македонија ја има најкорумпираната влада во историјата предводена од Заев, а во ЕУ не сакаат корумпирани држави

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Позицијата на Македонија во моментов е како никогаш полоша во македонската историја откако имаме држава. Македонија никогаш не била попонижена и покрадена. Македонија ја има најкорумпираната влада во историјата, а во Европска Унија не им требаат корумпирани држави, изјави Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за „Што мисли народот“ на ТВ стар.

Ѓорчев потенцира дека иако политиката на Заев беше да распродаде се што имаше, да ги руши сите црвени линии кои беа градени со години, сега се покажа дека ЕУ не сака корумпирани држави и влади како таа која ја предводи СДСМ и тоа јасно ни е укажано повеќе пати.

Во моментов според рангот на Транспаренси Интернешнл, Македонија е најкорумпирана држава во Европа, ја имаме најкорумпираната власт. Кога ќе се стават настрана пофалбите на власта и кога ќе ги видиме бројките, доаѓаме до вистината. Оваа власт го има најголемиот буџет во историјата, дојдовме до 4,5 милијарди евра годишно, а ништо не изградено. Нема ниедна друга власт која толку ги исцедила народот и стопанството како оваа власт, а истовремено да нема ништо испорачано, истакна Ѓорчев.

Тој додаде дека ако ние сме земја која би била како Хрватска кога стана членка на ЕУ, тогаш ќе биде примена, но не сме, бидејќи своевремено не блокираше само Грција, а сега вето имавме и од Франција кое меѓу редови беше поддржано и од земји како Холандија, Белигија и Данска. Забелешките за оваа влада навистина се големи.

Тие знаат што се случува во Македонија и затоа со месеци, па можеби и година дена никој нема дојдено во Македонија. Со корумпирани политичари европејците не сакаат да имаат работа, нагласи Ѓорчев. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Шансите не се загубени, сега треба да се одмориме и да се подготвуваме за Украина. Не очекува уште еден тежок натпревар. Тој меч треба да го одиграме отворено бидејќи веќе нема што да загубиме.

ПАНДЕВ: ШАНСИТЕ НЕ СЕ ЗАГУБЕНИ, СЕГА ТРЕБА ДА СЕ ПОДГОТВУВАМЕ ЗА УКРАИНА

Македонија загуби со 3-1 од Австрија на премиерата на Европските првенства, пренесе...

Премиерот Заев во интервјуто потсетува дека во светот се развива ерата на четвртата индустриска револуција и Балканот е навистина променет, заради европската иднина којашто сите ја посакуваат.

Заев за „Еуроњуз Албанија“: Македонија е доказ дека мултиетничките општества може да бидат голема предност, поука и пример за сите други земј

„Ако испорачуваме и Европа мора да испорачува, затоа првата порака е таа – да...

Прифаќам дека УНЕСКО неколку години нé предупредува, но после присуството на експертите од УНЕСКО во извештајниот период е направено многу.

Заев: Прифаќам дека УНЕСКО неколку години нé предупредува

„Извештајот на УНЕСКО го опфаќа извештајниот период до јануари 2020 година и Владата...

Тој вели дека во таа насока не разговарал со албанските опозициски партии, но ги повикува сите македонски партии и партиите на помалите етнички заедници да се придружат на инцијативата на ДПМНЕ, затоа што, истакнува лидерот на оваа партија, само на тој начин нема да се чувствуваат како граѓани од втор ред во својата држава.

Мицкоски за Фокус: Ако сакаат поддршка за градоначалници, албанските партии да ги почитуваат Македонците

Во најмалку 10 од 13 општини во кои ќе победат кандидати за градоначалници од албанската...