Ѓорчев вели добро е што овие три години  граѓаните имаа можност да почувствуваат и да се потсетат како е кога СДСМ е на власт, бидејќи многу ветува пред избори. Ѓорчев ги споредува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за кои вели се што ветува пред избори се исполнува кога ја предводи Владата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 март, 2020 10:22

Ѓорчев: Програмата за „Живот во Македонија“ на Заев стана програма за живот во Германија, Шведска, Канада…

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување во емисиајта “Клик Плус“ на телевизија Тв21, Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека воедно програмата за живот во Македонија со која СДСМ настапи и со која ги доби гласовите на македонските граѓани на изборите во 2016 година, стана програма за живот во Германија, Шведска, Канада. Ѓорчев посочува дека одредени делови на Македонија се целосно депопулирани и испразнети .

Ѓорчев вели добро е што овие три години  граѓаните имаа можност да почувствуваат и да се потсетат како е кога СДСМ е на власт, бидејќи многу ветува пред избори. Ѓорчев ги споредува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за кои вели се што ветува пред избори се исполнува кога ја предводи Владата.

-Многу ветија ништо не исполнија. Ветени беа големи зборови во нивната таканаречена програма за “живот во Македонија“ која што се претвори во програма за егзодус на Македонија, за заминување, за иселување. Она што се случува во Македонија изминативе три години е страшно. Во моментов имаме иселување и во источна Македонија и во западна Македонија. Делови на Македонија се целосно депопулирани и испразнети. А најголем дел на иселувањето затоа што владата на СДСМ не донесе ниту една странска инвестиција. Имаме ситуација каде што 2016 и 2017 година Зоран Заев велеше, гласајте за мене ќе ви донесам живот во Македонија. Таа програма за живот во Македонија стана програма за живот во Германија, во Шведска и во Канада, рече Ѓорчев.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Најголем дел од заразените се текстилни работнички, при што пет конфекции се затворени поради ескалирање на состојбата.

За експлозијата на вирусот во Штип единствено виновни се лакомите газди и власта која ги штити

Откако пред неколку дена пандемијата почна да се шири во една од текстилните фабрики...

Да работеше јавната обвинителка, рече таа, како што треба ќе утврдеше дека нема докази за ова дело и неможе да покрене обвинение.

Катица Јанева: Камчев мислеше дека се може да купи со пари, се излажа, мене не ме купи!

Сметам дека сум невина и не сум го сторила делото и се срамам што сум дел од обвинение...

Огромен број контакти од вкупно дијагностицираните се во рамки на десет семејства, и тука се прават интервјуа, се ставаат луѓе во изолација, и се тестира согласно ризикот кој епидемиолозите го проценуваат од анкетите.

Затворени шест конфекции во Штип- ќе се тестираат 600 вработени за Ковид-19!

Во Штип се затворени шест конфекции, дадени се 55 решенија за самоизолација, во текот...