Живот
Рецепти
Ѓувеч е турска, романска и балканска чорба од месо и зеленчук, налик на француската чорба наречена рататуј. Се подготвува од месо, маслинки, домати, печурки, кромид, билки, и зачини, и најчесто се служи со мешана салата.
Од месо, може да се користи пилешко, свинско, јагнешко или говедско, а понекогаш риба, но можно е месото и да се изостави. Од зеленчук се користи: кромид, домати, пиперки, тиквичка, модар патлиџан, грашок, компири, моркови.
Од зачини се додаваат: црвен пипер и градинарска чубрика и некои други билки. Ова јадење може да се пржи или да се пече.

Состојки:
1 пиле, исечкано на парчиња
1 главица црвен кромид
150 гр ориз
250 гр грашок
сол
бибер
сув зачин
1 лажица доматно пире
2 дл пилешка супа
Начин на подготовка:
Пилешкото испечете го на масло. На истата маст издинстајте исечкан кромид, па додајте ориз. После неколку минути додајте грашок, супа, зачини и доматно пире, па добро измешајте.
Смесата ставете ја во плех, наредете пилешко па ставете во рерна загреана на 180 степени и печете околу 40 минути.
Добар апетит!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Рецепти
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.