
Свет
Вести
„Значи, време е во Црна Гора на власт повторно да дојде Демократската партија на социјалистите со своите традиционални коалициски партнери“, кажа Ѓукановиќ.
Тој двегодишниот период по парламентарните избори го нарече „мачен експеримент“ и оцени дека тоа биле години на сериозни загуби во економскиот и демократскиот развој ан Црна Гора.
Ѓукановиќ преговорите на парламентарното мнозинство од парламентарните избори одржани во август 2020 година ги нарече „трагикомичен обид да се избега од избори“.
Од избори бегаат само оние кои се убедени дека на нив ќе изгубат“, кажа црногорскиот претседател.
Парламентарното мнозинство на Црна Гора ѝ достави на претседателката на собранието Даниела Ѓуровиќ 41 потпис за поддршка на предлогот за почнување постапка за утврдување дали претседателот на Црна Гора го повредил уставот, односно постапка за разрешување на Ѓукановиќ, откако го одби предлогот на старото парламентарно мнозинство мандатар за состав на новата влада да биде Миодраг Лекиќ!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.