Многумина велат, ако сакате да доживеете и да разберете што е стравопочит, дојдете во Ерусалим, на Ѕидот на плачот.

Објавил: Весна Петровска | 21 октомври, 2019 17:07

Ѕидот на плачот – преку 2.000 години место за молитва и покајание

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Две страни. Машка и женска. Вака е поделен Ѕидот на плачот во Ерусалим. Но, пред Ѕидот сите се еднакви. Се молат, бараат покајание независно од возраста, полот, потеклото.

Молбите (желбите) ги запишуваат на ливчиња, а ливчињата потоа ги „пикаат“ во процепите меѓу камењата, бакнувајќи го Ѕидот.

Многумина велат, ако сакате да доживеете и да разберете што е стравопочит, дојдете во Ерусалим, на Ѕидот на плачот.

И вистина е така.

Преку 2.000 години Ѕидот му пркоси на времето. Неговите камења сведочат за славното еврејско минато. За војни и мир, за уништување и повторно создавање.

Некои Евреи тука првпат го „чувствуваат“ јудаизмот. Допирајќи го Ѕидот, се поврзуваат со Бог, со својата нација, со наследството и турбулентното минато.

Денес, ова е најпосетеното место во Израел.

За да дојдете до него не е потребна никаква процедура. Само желба. И „влезот“ е бесплатен.

До Ѕидот се пристапува преку пространиот плоштад од каде што потоа секој „го фаќа“ својот правец. Мажите лево, жените десно.

Плоштадот има впечатливи чешми, по неколку во една, заедничка основа. Под секоја чешма се оставени лончиња за освежување на посетителите.

Како што наближувате до Ѕидот (во женскиот дел), од левата страна се забележуваат своевидни шкафови со книги. Отворени се и достапни за секој.

Пред нив бели пластични столчиња, изнаредени како за претстава.

И сè така до Ѕидот. А таму метеж. Преполно.

Жени со и без шамии. Стари и млади. Деца.

Едни гласно ги изговараат молитвите, други ја удираат главата од Ѕидот, трети отворено „комуницираат“ со Бог, правејќи гримаси како да плачат, како да стои некој „голем“ спроти нив.

За Евреите, Ѕидот на плачот е местото на кое Бог директно ги добива нивните аманети.

И според исламската религија ова е свето место. Се смета дека Мухамед бил тука за подоцна оттука и да воскресне.

Стоејќи пред Ѕидот на плачот, велат посетителите, мислите и чувствата стануваат јасни, а небитното исчезнува.

Факти за Ѕидот на плачот

 

Ѕидот на плачот e долг 488 метри, а неговата највисока точка се издигнува околу 40 метри над коридорот на источниот рид на Ерусалим (брдото Морија).

Составен е од 46 реда камен. Дваесет и девет од нив се над земјата и содржат камења од различни временски периоди. Останатите 17 се подземни. Надземниот дел достигнува висина од 19 метри. Сепак, висината на овој дел од основата до врвот се проценува на приближно 32 метра.

До 1967 година и победата во шестдневната израелско-арапска војна, кога Израел ја презема целосната контрола врз Ерусалим, Ѕидот немал плоштад, туку само една тесна улица долга 28 метри и широка 3,6 метри. По војната и повторното обединување на Ерусалим, областа била проширена. Денес плоштадот е долг 57 метри и може да собере 60.000 луѓе.

Мирјана Чакарова/МИА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Венко Филипче вели дека овој период не променил многу кај него, освен тоа што постојано беше на работното место, и еден период помина во самоизолација, по контакт со градоначалникот на Куманово, за кој подоцна се испостави дека е позитивен на коронавирус.

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ КОНЕЧНО ОДГОВОРИ: Би бил ли министер доколку знаеше дека ќе се случи оваа панемија?

Во гостувањето во емисијата Еден на Еден, која беше посветена на сите оние кои беа во...

Според она што беше објавено во „Глоуб“, наводно извор близок на семејството неколку месеци пред да се породи Меган, изјавил дека всушност Хари и не е татко на бебето.

НОВ СКАНДАЛ ВО КРАЛСКАТА ПАЛАТА: Хари не е татко на малиот Арчи!?

Познатата глумица Меган Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари дефинитивно не можат...

Круната има 1333 дијаманти, а во времето кога е направена, чинеше околу 10 000 долари. Денешната вредност се проценува во милиони.

ВРЕДИ 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Овој предмет во кралството се наследува од колено на колено и има ОГРОМНА ВРЕДНОСТ!

Круните и накитот во сопственост на британското кралско семејство со децении ги украсуваат...

Имено, станува збор за песната „Зора је“, изведена од Неда Украден, а за која Марина напиша само еден стих - „suza je iz oka kanula “.

ОВАА ПЕСНА ЈА ПЕЕШЕ ЦЕЛА ЈУГОСЛАВИЈА: Марина Туцаковиќ напиша еден стих а заработи 100.000 евра!

Марина Туцаковиќ е автор на бројни хитови од српската поп сцена. Напиша само еден стих...