Забава
Интересно
Ѕирнете во празничната атмосфера на браќата Мартин и Стефан од групата Некст тајм.
Божиќ и Бадник се празници кога семејството се собира дома, а како што вели една поговорка: „Кај и да си, за Бадник дома да си“.
Македонските јавни личности преку социјалните мрежи го честитаа Бадник и Божиќ со најискрени желби за мир, спокојство, среќа, љубов и здравје. Некои од нив открија кај кого се паднала паричката, па тие ќе имаат успешна и бериќетна година.
Браќата Стефан и Мартин Филиповски од „Некст тајм“ со видео од домашната празнична атмосфера, покрај богата бадникова трпеза и песната „Нешто ќе те питам бабо“ ги честитаа празниците на сите кои слават.
„Среќни празници,без разлика на верата да сте здрави живи спокојни и среќни сите!!! Христос се роди“, напишаа на социјалните мрежи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Интересно
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.