
Вести
Избори 2020
Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Jакимовски зборуваше за коалицијата на СДСМ предводена од Зоран Заев. Јакимовски истакна дека коалицијата Можеме, сама по себе е многу сложена бидејќи секоја партија од таа коалиција си има свои барања кои бара да и бидат задоволени и на крај на СДСМ ќе му остане министерството за екологија.

По дипломирањето на Економскиот факултет во Скопје во 1987 година, Стевчо Јакимовски волонтирал како новинар во спортската и во информативно-политичката редакција на втората програма на Радио Скопје. Исто така, Јакимовски е поранешен репрезентативец на Македонија во карате и петкратен републички првак.
Функцијата градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски ја вршел во периодот од 2000 до 2003 година, а потоа во 2009 година, повторно бил избран за градоначалник на општина Карпош. првиот мандат како градоначалник на Карпош, Јакимовски го добил како кандидат на Либерално-демократската партија, втората градоначалничка функција ја освоил како кандидат на СДСМ, додека третиот пат настапил како независен кандидат.[2] За време на неговиот мандат како градоначалник, општина Карпош е прогласена за најпосакувана дестинација за живеење, според анкетата на ЦИА спроведена во декември 2011 година. Исто така општината е прогласена за општина со највисока транспарентост (во 2010 година од страна на Форум Аналитика), општина со најголема социјална инклузија (од страна на Институтот „Евро Балкан“ во 2010 година), најтранспарентна општина меѓу 12 општини во државата (од фондацијата ФИООМ и ЦРЛД за периодот 2011-2012), а општина Карпош стана единствена општина-членка на Европското тело за хигиенски инженеринг и дизајн (EHEDG), кое се грижи за контролата и безбедноста на храната во градинките на територијата на целата општина.
-Воопшто не му е лесна и комотна ситуацијата на Зоран Заев. Мора да ја задоволи БЕСА. Што мислите пратеникот на Павле Трајанов вреди исто колку 32 пратеници на СДСМ или двата пратеника на ЛДП, на НСДП. Таа ситуација е многу сложена, секој од нив има апетит, сите треба да ги задоволите, затоа велам дека на крај на СДСМ ќе му остане министерството за екологија, рече тој.
Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август.
Длабоко сум убеден дека не ја разрешивме политичката состојба туку се усложи до невидени размери, јас сакам да прашам повтроно ли ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе бидат криви за оваа ситуација затоа што кога убедувавме дека треба да ги одложиме изборите, треба да се фокусираме на најбитната работа, а тоа е одбрана од оваа биолошка војна и од корона вирусот, еве во каква ситуација се доведовме. Што ни се случува сега, нели изборите требаше да ги направиме затоа што немаме Парламент, затоа што немаме Влада, ние гледаме некој да преговара за Влада или отидоа да одмараат и да возат мотори што значи дека се било фарса, се било лага да одиме на избори за да сега одмараме и викаме после празникот Илинден ќе почнеме да разговараме за Влада што значи дека тоа не било како што некој се обидуваше со маркетинг трикови да претстави дека потоп ќе биде во Македонија ако нема Влада, ако не функционираат институциите, а сега гледаме дека воопшто нема загриженост за тоа што во Република Македонија немаме функционална влада, нема Парламент, истакна Јакимовски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.