Од здравствени причини, Стевчо Јакимовски, наместо притвор како што бараше Обвинителството, судија на претходна постапка му одреди куќен притвор

Објавил: Сања Кукиќ | 19 март, 2019 21:17

Јакимовски останува дома без пасош

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Од здравствени причини поранешниот градоначалник на Општината Карпош, Стевчо Јакимовски, наместо притвор како што бараше Обвинителството, судија на претходна постапка му одреди куќен притвор. Исто така, на Јакимовски му е одземена патната исправа.

Тој утрово беше уапсен и изведен пред судијката на претходна постапка Весна Димишкова, каде ја чекаше одлуката за притвор.
Со него беше приведен и неговиот сопартиец Виктор Цветковски.

Одбраната на Јакимовски најави жалба, бидејќи смета дека одлуката е неаргументирана. Јакимовски се чувствува невин, а Обвинителството извршило срамен притисок. Особено што оваа истрага се открива непосредно пред претседателските избори, како што тоа било случај и во претходните два случаи на приведување на Јакимовски.

Стевчо Јакимовски на 8 август 2018 година беше изведен пред судија на претходна постапка поради три други предмети врзани со јавни набавки, по што му е изречена мерка на претпазливост.

Ќе ги победиме, не им се плашиме “, порача денес од суд ексградоначалникот на општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, при излез од старата во новата зграда на Кривичниот суд во придружба на полицијата.

Јакимовски и уште неколку лица се осомничени дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, додека едно од лицата е осомничено за кривично дело бесправно градење.

Во периодот од 2011 до 2017 година вработени во Општина Карпош на чело со тогашниот градоначалник Јакимовски легализирале бараки во сопственост на фирми и на тој начин им овозможувале да се стекнат со државно земјиште по багателни цени. Вака накратко од Министерството за внатрешни работи ја објаснија кривичната пријава поднесена против Јакимовски и уште четворица вработени во Општината.

Кривични пријави се поднесени и против управителите на три фирми и едно физичко лице. Станува збор за времени објекти во општина Карпош, на улицата Илинденска, кои биле во сопственост на фирмите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести