Поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и претседател на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, на својот фејсбук профил ги коментираше тезите кои Артан Груби ги спомена во вечерашното интервју.
Супер епа тогаш вака стојат работите по таа математика, Во коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, ГРОМ има еден пратеник, Социјалистичка партија има два и ДПСМ на Стоиљковиќ еден. Значи 44 пратеника за Обнова на Македонија минус 4 на коалиционите партнери се 40 на ВМРО ДПМНЕ. Коалицијата Можеме на чело со СДСМ има четири пратеника на БЕСА, два од ЛДП, два од НСДП, еден на ДОМ, еден на ВМРО- НП, еден на ДС, еден на ПДТ значи од вкупно 46 минус 12 на коалиционите партнери останува СДСМ со 34 пратеници.
Сега прашуваме кој треба да добие мандат за состав на влада по теоријата на Артан Груби, ВМРО ДПМНЕ со 40 или СДСМ со 34 пратеници?
Второ, интерсена теза исфрли господинот Груби дека излезноста кај македонското гласачко тело јасно става до знаеење дека е незадоволно од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ. Тоа значи дека македонското гласачко тело јасно дава подршка за третата опција, а тоа е ДУИ, така вели Артан Груби. Добро му е рамислувањето на овој преставник од ДУИ ама не ми е јасно како неизлегувањето на референдумот на македонското гласачко тело го сфатија како јасна порака за промена на името, уставните промени и влез во НАТО.
Како тамо не ја препознаа јасната порака кај македонското гласачко тело за несогласување со промена на уставното име.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.