
Македонија
Вести
Со нов состав на судечкиот совет и резервен судија поротник денеска во Основниот кривичен суд – Скопје започна од почетокот судењето за предметот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски.

Обвинетиот Миле Јанакиески поранешниот министер за транспорт и врски денеска во судницата рече дека не разбира зошто на обвинителството му се брза за овој предмет кој застарува во 2031 година.
Малку е чудно што на почеток на главно рочиште, кога обвинетиот е тука, обвинителството бара раздвојување на постапката. За мене нема логика ова, особено што предметот застарува во 2031 година. Не знам зошто на обвинителството му се брза за овој предмет, рече Јанакиески.
Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово. За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба,Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.
Првото рочиште за судењето за „ТНТ“ се одржа на 24.01.2018 година, но поради истекот на мандатот на еден од членовите на судечкиот совет процесот се врати од почеток.
СЈО за случајот „Космос“ на 21 април 2016 година го отвори случајот „ТНТ“ и покрена обвиненија.
Со обвинението не беа опфатени аболицираните: поранешен премиер; поранешен министер за транспорт и врски и градоначалникот на општина Гази Баба, но осомничени се и четворица други соработници и бизнис партнери на општината, кои директно се инволвирани во незаконското рушење на „Космос“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.