„Сакам само да ви претставам една ситуација, како изгледа пред мојот дом, за да видите дека повеќе од доволна е мерката куќен притвор.

Објавил: Владо Марин | 26 јули, 2021 19:23

Јанакиески: Ова е нечовечки, четири пати ме носат од дома во Шутка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6 години и 3 месеци затвор, а откако обвинителството побара да биде однесен во притвор во истражниот затвор во Шуто Оризари, пред судот реагираше дека таквата одлука би била нечовечка, пишува А1 он.

„Сакам само да ви претставам една ситуација, како изгледа пред мојот дом, за да видите дека повеќе од доволна е мерката куќен притвор.

По бегството на Мијалков, мене ме обезбедуваат 8 полициски службеници, секое возило што влегува и излегува од мојата зграда детално се претресува, а во моментов, бидејќи е топло, полицајците седат во ходникот од зградата и сум по 24 часовен надзор. Освен тоа, од август има поголем број предмети за кои треба да се спремаме и притворот го ограничува моето право на одбрана.

Мислам дек е нечовечки по четврти пат да се носам во Шутка, од дома во Шутка, од дома во Шутка, четири пати сум носен… сите имаме фамилија, малолетни деца, јас 3 години сум веќе во притвор, 5 години ми е одземен пасошот и сум под мерки и мислам дека ова е малтретирање и изживување со човекови судбини“, изјави Јанакиески пред судот.

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска од Кривичниот суд беше осуден на шест години и шест месеци затворска казна. Ексминистерот за образование Спиро Ристовски доби казна затвор од шест години и три месеци, во која му се засметува времето поминато во притвор и куќен притвор.

На ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески му е изречена шест години и три месеци во која му се засметува времето поминато во притвор и куќен притвор. Ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски доби шест години затворска казна, во која му се засметува и куќниот притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во врска со најавата на Заев за оставка ако не победи Шилегов за градоначалник, Петковски објаснува дека градоначалничката позција не е поврзана со позицијата на Владата.

Петковски: Неодговорна е изјавата на Заев дека ќе си поднесе оставка ако не победи Шилегов

Партиите изгубија, граѓаните добија на овие локални избори, вели Тито Петковски, во...

Директорот на МЕПСО објаснува дека во такви случаи се презема енергија од европската мрежа и досега земјава тоа го наравила четири пати без најава и добила четири предупредувања од Центарт во Швајцарија каде што се прават пресметките.

Директорот на МЕПСО за Телма: Трошиме двојно повеќе струја отколку што произведуваме, за октомври ќе треба да ѝ платиме на Европа 15 милиони евра

Директорот Куштрим Рамадани открива дека земјава четири пати без најава презела електрична...

Ковачки цитираше и дел од брифинзите, а потенцира и оти биле давани насоки и се договарани и физички пресметки како и закани по живот за прилепчани.

СКАНДАЛ: Полицајци блиски до СДСМ договарале малтретирање на граѓани за изборите

Полицајци блиски до СДСМ следеле членови на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборната кампања....