Јанева е на болничко лекување во приватната клиника „Жан Митрев“, каде беше однесена во четвртокот поради влошена здравствена состојба.

Објавил: Весна Петровска | 14 октомври, 2019 10:19

Јанева денес се враќа во Шутка

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Екс шефицата на СЈО, а сега обвинета во случајот „Рекет“ Катица Јанева, е во постабилна состојба и денеска најверојатно ќе биде вратена во притвор.

Јанева е на болничко лекување во приватната клиника „Жан Митрев“, каде беше однесена во четвртокот поради влошена здравствена состојба.

На Јанева и бил измерен висок крвен притисок, а при испитувањата докторите утврдиле дека е во прединфарктна состојба.

Бранителите на Јанева изјавија дека засега немаат побарано од судија на претходна постапка укинување на притворот заради влошената здравствена состојба. Појаснуваат дека првин ќе ја сочекаат одлуката на Апелациониот суд за поблага мерка за што е понудена гаранција од три станови.

Документацијата за влошена здравствена состојба, Боки 13 веќе ја доставил до судија на претходна постапка за укинување на притворот.. Во меѓувреме обвинителството за гонење организира криминал и корупција го поднесе обвинението за случајот Рекет а во исто време ја продожи истрагата и за Меѓународниот сојуз на Јовановски. Меѓу петтемина осомничени за перење пари, измама и помагање под истрага е и пратеничката Фросина Ременски.

Освен Ременски, со истрагата на Обвинителството опфатени се и потпретседателката на меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ, таткото на Јовановски, Миле и асистентка од сојузот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој се заблагодари на полициските службеници и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи за професионалниот и одговорниот пристап во обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните.

ЧУЛЕВ: Благодарност до граѓаните за високото ниво на одговорност и свесност кои ги покажаа во изминатиот период!

Владата на денешната седница донесе одлука со која oд утре целосно престанува да важи...

Сите лица во државен карантин може да направат тест и да бидат упатени во домашна самоизолација, вели Спасовски!

Кафулињата се отвораат во четврток: Укинат полицискиот час, од утре нема рестрикции на движењето!

Премиерот Оливер Спасовски на вечерашната прес конференција соопшти дека Владата...