
Македонија
Вести
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со свој коментар за Законот за амнестија за настаните во Собранието минатата година.
Јанева не можеше да оддолее а да не ја спореди денеска амнестијата која во 2016 година ја донесе претседателот, Ѓорге Иванов, со Законот за амнестија кој беше вчера изгласан во Собранието.
Според Јанева, амнестијата на Иванов влијаела на работата на СЈО така што го блокирала обвинителството за два месеци.
Меѓутоа Јанева смета дека и овој Закон нема така лесно да помине и одредено време ќе ги блокира и судот и обвинителството.
Амнестијата на Иванов беше сосема нешто друго од ова. За Иванов беше врз основа на непознати податоци.
Иванов немаше податоци за работата и лицата кои ги амнестираше. Неговата беше тотално незаконска, беа помилувани и сведоци и странски државјани и лица кои воопшто не биле предмет на постапка на судовите и на обвинител. Тоа влијаеше така што два месеци не работеше обвинителството.
На основното јавно обвинителство и на судовите оваа амнестија сигурно ќе влијае, но не би сакал да коментирам нешто што не е во мој домен. – изјави обвинителката.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.