недела, 8 декември 2019

MK/ EN/ DE



Од опозициската партија додаваат дека сега е јасно зошто во СЈО бришеа форензички компјутери и се скриваа телефони за кои прво викаа дека се изгубени, а потоа испадна дека биле криени додека во меѓувреме се бришеле податоци. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 август, 2019 10:35

„Јанева и сите обвинители на СЈО земаа огромни плати, а ја злоупотребија функцијата “

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Работата на Катица Јанева и СЈО не е само обична шминка и покажување на некаква активност, како што си се објаснуваат по телефон. Нивната работа е многу сериозна бидејќи земаа по 4 милиони евра годишно пари на граѓаните, а гледаме дека ги користеле да изнудуваат уште пари и политички да влијаат врз неистомислениците на Зоран Заев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Катица Јанева и СЈО земаа огромни плати, а ја злоупотребија довербата и овластувањата влегувајќи во чист криминал заедно со главата на октоподот Зоран Заев. Гледаме дека СЈО имало за цел да креира политички случаи врз основа кои потоа ќе врши изнуда притисок и рекет во корист на аболицираниот Зоран Заев, но можеби и лична корист затоа што се уште не знаеме каде се завршиле милионите кои Боки Тредичи ги земаше од бизнисмените. Јавноста се увери дека Катица Јанева учествувала во целата оваа конструкција и заедно со Боки Тредичи им давале гаранција на обвинетите, велат од ВМРО.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Од опозициската партија додаваат дека сега е јасно зошто во СЈО бришеа форензички компјутери и се скриваа телефони за кои прво викаа дека се изгубени, а потоа испадна дека биле криени додека во меѓувреме се бришеле податоци. 

„Јасна е и улогата на Русковска обвинителството кое прави се за да ги заштити Заев и Јанева и токму затоа среде истрага замина на одмор како би тие имале можност уништуваат докази но да влијаат на сведоци за да не се утврди нивната вина. Институциите мора да се одважат и целосно да го истражат овој огромен скандал во кој очигледна е вмешаноста на Катица Јанева, Зоран Заев но и многу други функционери од СДСМ.  Случајот не смее да се забошоти и да остане само на двајцата обвинети Боки Тредичи и Зоран Милески Кичеец кои се само пипци на октоподот кој го создаде Заев“.

Овој скандал, потенцираат, е само уште еден доказ дека Заев и СДСМ ја уништија правната држава, го нарушија угледот на Република Македонија надвор и сериозно ги загрозија македонските евроинтеграции.

-Се ближи денот кога СДСМ ќе си замине и ќе профункционира правната држава, а тогаш сите инволвирани од картелот и октоподот заедно со главата Зоран Заев ќе одговараат за сите криминали кои ги прават изминативе три години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

„Прв пат ги слушам. Не беа на хард дисковите што ни беа доставени. Обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на Јутјуб“, рече Рускоска.

РУСКОСКА: Прв пат ги слушам снимките – Обвинителството ќе ги истражува и тоа кој ги објавил на Јутјуб

На јутјуб вчера се појавија снимки на кои се слуша како глас кој наликува на познатиот...

Од МВР порачуваат дека активностите во борбата против тешки кривични дела со елементи на насилство ќе продолжат и во иднина, со поголем интензитет и зајакнати мерки.

МВР денеска апсеше во Арачиново и Грчец: Уапсени 12 лица, дел од нив поврзани со нападот на „Александар Палас“

Во рамки на акцијата биле извршени претреси на 34 локации во Ѓорче Петров, Грчец, Ченто,...

Ивана и Жарко беа во врска четири години пред да направат голема свадбена свеченост, во јуни 2014 година. Пред да стапат во брак веќе имаа две деца, Ена и Лука.

Сопругата на Жарко Луковски стави крај на невистините: Таа ја открива причината за неговата смрт!

Смртта на Жарко Луковски, поранешен главен извршен директор на Т-Мобиле, кој почина...


Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial