Адвокатот Димишков и рекол дека за неговата помош за поблага мерка за Камчев требало да се плати меѓу 2 и 8 милиони евра. Со тие пари тој и рекол неговата сестра-судијка ќе одела во пензија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 декември, 2019 11:44

“Јанева му даваше напатствија и совети на Боки по телефон”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Беше 9 ноември околу полноќ. Ме разбуди сопругот за да ми каже нешто. Дојде Милески и ни кажа дека утрото ќе има претрес. Така и беше. Попладнето Јордан за случајот “Империја” беше во суд. Кога дојдов во суд недолично се однесуваше обвинителката Лиле Стефанова. Таа тогаш рече “Ништо не ми можеше Тони моќта е кај мене. Само треба да знаеш кога е кај тебе и да ја искористиш”. Вечерта дојде Јанева. Јордан доби притвор таа вечер, рече Ана Камчева адвокат и сведокот во денешното рочиште за случајот “Рекет”, сопруга на бизнисменот Орце Камчев, пренесува Слободен Печат.

– Неколку дена подоцна Милески ме побара за да се сретнам со адвокатот Васил Димишков. На ова средба Васил ми кажа дека го предупредил Јордан и дека требало да соработува со него за да има поповолни услови за него – рече Камчева.

Адвокатот Димишков и рекол дека за неговата помош за поблага мерка за Камчев требало да се плати меѓу 2 и 8 милиони евра. Со тие пари тој и рекол неговата сестра-судијка ќе одела во пензија.

– Бидејќи Милески беше човек од доверба му реков нему утре да му ја каже сумата. Следниот ден ми беше речено дека сумата за плаќање е 6 милиони евра. На средбата со Јордан му кажав дека немаме предмет туку дека имаме проблем – рече Камчева.

Сведокот Камчева била повикана од Милески и и рекол да дојде во хотелот “Александар Палас”, и ми кажа дека Бојан Јовановски бил многу нервозен за некој текст на извесен портал кај што пишувало дека синот на Јанева работи во 1ТВ.

– Тогаш сфатив за нивниот близок однос. Неколку дена подоцна дојдов во 1ТВ. Бојан ме запозна со едно момче кое работеше на компјутер. Кога момчето излезе Бојан ми кажа дека тоа е синот на Јанева – истакна Камчева.

Бојан Јовановски, рече таа, ми кажа дека тоа што му се случило на мојот сопруг било резултат бидејќи ги одбил нивните понуди.

– Бојан беше близок со Јанева. Тој точно знаеше за секој чекор на постапката и со Јанева збореше по телефон. Таа му даваше напатствија и совети.

На една од низата средби Јанева даваше инструкции по телефон на пример кој адвокат да дојде во СЈО, адвокатот Антонио Апостолски и беше според да дојде, нагласи Камчева. Додаде дека на една од средбите Бојан Јовановски и побарал 500.000 евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

При обуката детално им се објаснуваше на наставниците како да ги користат алатките, како да поставуваат материјали, како да го користат Мајкрософт Тимс и како генерално да ја спроведуваат онлајн наставата.

д-р Николче Шулевски за Слободен Печат: Националната платформа нуди квалитетна настава која може да биде подобра и од класичната (ВИДЕО)

Николче Шулевски, докторот по науки за методика во онлајн настава кој е и еден од националните...

Потсети дека на владината седница министерот за здравство Венко Филипче информирал за дебатите што се водат на регионално ниво за отворање на границите во земјите од регионов и оти отвориле дискусија со аргументи за или против отворање на границите, за сите предности или проблематични ситуации што би се појавиле притоа.

Заев: При отворање на границите да се води сметка на здравствениот аспект!

Денеска при посетата на училиштето „Коменски“ во Општина Карпош, премиерот Зоран...

Соња Тошиќ Грлач која е претседателка на Управниот Одбор на болницата во Чаковец, изјави дека пациентот на хемодијализа починал, откако по грешака му бил вбризган дезинфисиенс и изрази сочувство до семејството на починатиот.

По грешка му ставиле средство за дезинфекција- Хрват почина по кобна грешка на медицински лица!

62 годишен пациент од Хрватска починал вчера вечер поради кобна грешка на лекарите....