На 21 август 2019 година Катица Јанева била приведена и однесена во Кривичниот суд.

Објавил: Сара Фемина | 25 септември, 2019 19:18

ЈАНЕВА: „Се заколнав на чесност како јавен обвинител, јас ќе ги почитувам законите во Република Македонија„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

54-годишната екс обвинителка Катица Јанева, пред 4 години донесе преголема надеж во правниот систем во Република Македонија.

На 15 септември 2015 година од страна на Собранието на Република Македонија, Јанева беше едногласно избрана за специјален јавен обвинител кој ќе раководеше со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела и кои произлегуваа од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Јанева завршила обуки за организиран криминал и корупција во Италија. Била на студиски патувања во САД и била едукатор на неколку програми на Академијата за судии и обвинители.

„Изјавувам и се колнам дека во вршењето на функцијата јавен обвинител ќе го почитувам Уставот на Република Македонија, законите и меѓународните договори“, рече Катица Јанева на 16 септември 2015 пред медиумите и јавноста во Советот на јавни обвинители.

Изборот Катица Јанева да биде специјален обвинител падна пред четири години кога работните групи на политичките партии се договорија токму обвинителката Катица Јанева од Гевгелија, да го спроведе договореното од Пржино.

Нејзиниот избор за специјален обвинител, според некои извори, бил изненадување, зашто по Пржинските преговори во игра биле многу попознати правници.

Според законот за основање на ова Обвинителство таа, како специјален јавен обвинител, располагаше со неограничен буџет, со право да ги избира своите соработници и со право да воспоставуваше надлежност врз веќе започнати предмети за кои СЈО има дополнителни докази.

Мандатот на Катица Јанева како специјален обвинител истекуваше на 15 септември 2019 година. Со оглед на несогласувањата помеѓу опозицијата (ВМРО-ДПМНЕ) и Владата (предводена од СДСМ и ДУИ) на 15 јули 2019 година таа поднесува оставка.

Во оставката наведуваше:

„Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за Специјален Јавен Обвинител, себеси и на граѓаните на Република Северна Македонија ветив дека функцијата Специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во исклутелно тешки околности и целосно свесна за задачата која ми е дадена“

Нејзиниот избор за специјален обвинител, според некои извори, бил изненадување, зашто по Пржинските преговори во игра биле многу попознати правници.

Оставката на функцијата специјален јавен обвинител ја поднесува на 15 јули 2019 година, неколку часа пред започнување на прес конференцијата од страна на Основно јавно обвинителство во која двајца се осомничени за изнудување на големи суми на пари за влијание врз некој јавен обвинител. На конференцијата за обвинителката Вилма Русковска велеше дека:

„Истражната постапка се води затоа што во периодот од месец ноември 2018-та, до април 2019-та, првоосомничениот искористувајќи го своето влијание врз јавен обвинител влијаел во истрага да се олесни постапката на едно осомничено лице, а второто лице континуирано договарало средби. На средбите, тие ги увериле сведоците дека првоосомничениот има влијание врз обвинителот и барале 1.500.000 евра за да го искористи тоа влијание. Тие пари, во два наврати им се исплатени. Средбите се одржувале на повеќе места, во домот на сведоците и на првоосомничениот. Биле побарани вкупно 8.000.000 евра за да се запре предистражната постапка, а доколку таа не биде запрена, за делото да има олеснителни околности, тогаш тој требало да им исплати 5.000.000 евра, во кои влегувале и претходно дадените пари. Останатите 4.000.000 евра било договорено да се исплаќаат суксесивно на четири рати.“

Истиот ден (15 јуни 2019) на граничен премин со Грција уапсен е Бојан Јовановски познат како Боки 13, а во Скопје уапсен е Зоран Милевски (Кичеец). Двајцата се ставени во притвор, а на Катица Јанева истата вечер одземен ѝ е едниот телефон.

Утредента (на 16 јули 2019) дел од вработените (обвинители и друг персонал) од СЈО одржуваат конференција за печат која ја предводи обвинителката Ленче Ристоска. Таа конференцијата за печат ја започнува со зборовите:

„Денес не стојам само во мое лично име тука, туку стојам во име на сите обвинители кои се зад мене, како и на дел од обвинителите кои ни се на годишен одмор. Тоа се: обвинителот Рустени, обвинителот Донев и обвинителката Фетаи меѓутоа стојам и во име на целиот истражителски тим и во име на цеокупната стручна служба од ова јавно обвинителство.“

(15 јуни 2019) на граничен премин со Грција уапсен е Бојан Јовановски познат како Боки 13, а во Скопје уапсен е Зоран Милевски (Кичеец). Двајцата се ставени во притвор, а на Катица Јанева истата вечер одземен ѝ е едниот телефон.

Катица Јанева не е присутна на таа прес конференција.
На 21 август 2019 година била приведена и однесена во Кривичниот суд.

Јавното обвинителство ја гони специјалната јавна обвинителка Катица Јанева како осомничена во случајот „Рекет“.

„Од почетокот имавме сознанија за нејзина вмешаност, но откако се подигнаа доказите на повисок степен отворивме истрага. Јавниот обвинител сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување“, рече обвинителот Јовески.

Катица Јанева е родена на 9 февруари 1965 година. Татко ѝ бил претседател на Основниот суд во Гевгелија. Студирала на Правниот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од 1983 до 1989 година, а правосудниот испит го положила во 1996 година.
Во 1998 година, таа се вработила како стручен соработник во Судот во Гевгелија.

Јанева, својата кариера во Обвинителството во Гевгелија ја започнала во 2003 година како помошник обвинител. Во 2009 е именувана за обвинител.Во 2010 година е избрана од Советот на јавни обвинители за шеф на Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Јанева завршила обуки за организиран криминал и корупција во Италија. Била на студиски патувања во САД и била едукатор на неколку програми на Академијата за судии и обвинители.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Претходно полицијта за Вечер изјавија дека за сега не може да се откријат повеќе детали за настанот, единствено што се знае е дека е пукано е врз Камер Идризи, Јетон Кривањева, Африм Сулмани и Енсар Исени.

ФОТО: Пеплосан “Туарегот” и оружјето со кое се пукаше во “Александар Палас”

Вчера вечер страотна слика од елитниот хотел со 5 ѕвездички Александар Палас ја запрепасти...

Македонските пожарникарски херои целата ноќ работеа на терен и трагаа по преживеани луѓе по страотниот земјотрес кој вчера рано утрото ја погоди Албанија, а беше почувствуван на целиот Балкан.

СЕ УШТЕ БОЛАТ СПОМЕНИТЕ ОД СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС: Катастрофата во Албанија ја потсети Македонија на болното минато!

По вчерашниот силен земјотрес во соседна Албанија со јачина од 6,6 степени според Рихтер...

Широка е лепезата на ветувањата. Се ветува многу, реформи, подобар стандард, посилна економија, враќање на средната класа, повторно е актуелно добивањето датум за преговори, ветувања За подобра Македонија, подобра иднина на младите, поголеми плати и пензии, но ШТО НАВИСТИНА ЌЕ ДОБИЈАТ ГРАЃАНИТЕ ОД ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ? е клучното прашање во моментот.

АНАЛИЗА: Што ќе донесат предвремените избори за граѓаните?

По “Не” добивање на датумот за преговори, следеше одлуката за предвремените парламентарни...

На дебаклот на Заевата влада со датумот, му претходеа и неколку признанија, кои го објаснија она што мнозинството граѓани и онака го знаеше. Едно од нив беше и од претседателот Пендаровски, кој буквално призна дека го смениле името за датум од ЕУ, а по него и Заев кој почуствува силна горчина и посака да му кажеле пред да го смени името на државата.

Најави ли Хан дека Македонија ќе преговара 30 години?

Најави ли еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, дека Македонија ќе преговара...